Достапни линкови

Украинските бегалци во Русија ја „губат надежта“


За многумина, исплатата од 10.000 рубли би помогнала да се покријат нивните основни потреби додека чекаат документација за пристап до услугите и вработувањето.
За многумина, исплатата од 10.000 рубли би помогнала да се покријат нивните основни потреби додека чекаат документација за пристап до услугите и вработувањето.

Додека руските сили го напаѓаа Мариупол со тешка артилерија, претворајќи го градот во урнатини, Анастасија побегна со нејзиниот син до единствената дестинација до која се чинеше дека е возможно да се стигне: Русија.

Со малку пари, таа со нетрпение очекуваше да ја добие исплатата од 10.000 рубљи (185 долари) што рускиот претседател Владимир Путин им ја вети на украинските бегалци.

Парите требаше да ѝ помогнат да ги покрие нивните основни потреби за краток временски период додека таа и нејзиниот син се во Санкт Петербург, чекајќи да заврши војната. Три месеци по пристигнувањето таму, таа допрва треба да ја добие исплатата.

Како и другите бегалци со кои РСЕ зборуваше, таа не сакаше нејзиното презиме да биде објавено поради страв од последици.

„Тие рекоа, почекај, во одреден момент ќе ти дадат“, рече таа. Анастасија во никој случај не е сама. Светлана Тихомирова, новинарка од Санкт Петербург, која доброволно им помага на украинските бегалци, неодамна рече дека околу 90 насто од оние кои пристигнале во регионот Ленинград - кој го опкружува градот Санкт Петербург, но не го вклучува - допрва треба да ја добијат својата ветена исплата.

Украински бегалци од Мариупол во рускиот Приморски крај во мај.
Украински бегалци од Мариупол во рускиот Приморски крај во мај.

Во писмото упатено до Путин во средината на јуни и објавено на социјалните мрежи, Тихомирова вели дека украинските бегалци во Русија се фатени во маѓепсан круг. Многумина немаат доволно пари да платат за услуги - како што се преводи на документи - клучни за добивање руски пасош и вработување.

Русија обвинува за фатални експлозии во Белгород, продолжуваат борбите во Луганск

Тихомирова е една од стотиците луѓе низ Русија кои им помагаат на украинските бегалци со пари, храна и други основни работи.

„Ситуацијата во внатрешноста на Русија е многу пострашна отколку во Москва и Санкт Петербург, според извештаите на волонтерите“, напиша таа во писмото, додавајќи дека во пооддалечените области „самите волонтери не се во можност да обезбедат поддршка за бегалците поради понискиот животен стандард - луѓето остануваат гладни во вистинска смисла на зборот“.

Нејзините коментари се чини дека се во спротивност со руското Министерство за вонредни ситуации, кое ги надгледува исплатите на бегалците. Неидентификуван функционер на министерството изјави за државните медиуми на 7-ми јуни дека 301.510 украински бегалци - или речиси четворица од пет од оние за кои изјави дека аплицирале - добиле исплата од 10.000 рубљи.

Украинка од Мариупол во бегалски центар во Приморски крај на 6 мај.
Украинка од Мариупол во бегалски центар во Приморски крај на 6 мај.

Според ОН, во Русија има околу 1,3 милиони украински бегалци, додека руската влада ја проценува бројката на 2,1 милион, вклучувајќи 340.000 деца. Киев ја обвини Москва дека насилно носи украински граѓани во Русија.

Повеќето од украинските бегалци се финансиски ранливи пензионери и жени со деца, делумно затоа што многу од мажите во деловите на украинскиот регион Донбас, кои беа задржани од сепаратистите поддржани од Русија долго пред инвазијата во февруари, сакале или не, останале да се борат. Еден експерт за РСЕ изјави дека бирократијата и бирократските препукувања може да ја намалат надежта.

За Наталија Јурченко, која со својот сопруг побегна од континентална Украина на полуостровот Крим што е под руска контрола, тоа веќе се случи. Тие чекаат три месеци да им стигне исплата.

„Нашето семејство повеќе не се надева на ветената исплата“, изјави таа за РСЕ, додавајќи: „Навистина ни требаа парите. Немавме од што да живееме и моравме да продадеме дел од нашиот имот“.

Мариупол: Пред и потоа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Исплатата од 10.000 рубли во секој случај нема да трае долго во најголемите градови во Русија. Користењето на московското метро би изело четвртина од таа сума за еден месец.

Едно од тврдењата што Путин ги искористи за да ја оправда неиспровоцираната инвазија на Украина е дека руските говорители во Донбас имаа потреба од заштита од владата во Киев, за која тој лажно тврдеше дека извршила геноцид таму.

Шест дена пред инвазијата на 24 февруари, Путин и нареди на својата влада да им плати на сите бегалци од Донбас по 10.000 рубли за да им помогне „да се населат на ново место и да ги купат сите потребни работи засега“.

Руската влада одвои 5 милијарди рубљи пред почетокот на војната за бегалците, што значи дека предвидуваше до 500.000 бегалци.

Неуспехот на Русија да ги изврши исплатите навреме и покрај раната подготовка ги засени очекувањата на Кремљ за брза, победничка војна која ќе генерира многу помалку бегалци. Тоа, исто така, може да биде одраз на озлогласената непоколеблива бирократија.

Олена, која пристигна во Московскиот регион од Мариупол со нејзината ќерка и мајка, рече дека допрва треба да ја добие својата исплата и покрај тоа што ја поднела својата апликација во април. Таа рече дека морала да трча низ Москва за да собира документи и да посетува лекари, понекогаш стоејќи цел ден во ред.

„Ако вие [Русија] сте страната што ги прима [бегалците], тогаш прифатете не на нормален начин“, рече таа за РСЕ. „Однесувајте се хумано кон луѓето кои долго време седеа на студ, гладни и под бомбардирање и кои беа принудени да готват храна на отворен оган“.

Дневник на украинско момче ги илустрира ужасите на војната во Мариупол
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:45 0:00

Светлана Ганушкина, шеф на Граѓанска помош, група за права со седиште во Москва која им помага на мигрантите и бегалците, за РСЕ изјави дека „долгите бирократски процедури“ се во центарот на проблемот со кој се соочуваат украинските бегалци. Тие треба да поднесат документи, како што е нивниот пасош, и да поминат низ проверка пред потенцијално да ја добијат својата исплата и да бараат работа, рече таа.

Украина се повлекува од Лисичанск, Зеленски ветува дека ќе ја врати изгубената територија

Една постара жена во Мехта ѝ кажа на Останина дека и било одбиено плаќањето затоа што не ја поминала проверката од причини што не и биле објаснети.

„Луѓето трошат толку многу време [справувајќи се со бирократијата] и не е јасно како од нив се очекува да преживеат во меѓувреме. Накратко, тие губат надеж“, рече таа.

На Марија, која побегна од Донбас за Краснодар, ѝ беше кажано од канцеларијата на локалната власт дека нејзиниот случај и други слични се префрлени во соседниот регион Ростов. „Не знам ни која владина канцеларија да ја барам во Ростов“, рече таа.

Ганушкина вели дека друга пречка за бегалците се ограничувањата за претворање на украинската гривни во руски рубљи и наоѓање вработување. Бегалците не можат да ја претворат гривната во рубли додека не ја завршат проверката и не добијат одобрение за плаќање. И покрај тоа, бегалците можат официјално да конвертираат само до 8.000 гривни (275 долари).

Двете ограничувања влијаат врз способноста на бегалците да купуваат основни добра по пристигнувањето во Русија, иако тие исто така можат да се свртат кон црниот пазар за размена на валута. „Каде е тука логиката?“, прашува разочараната Ганушкина.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG