Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ е против намалување плати во администрацијата


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Потребна вистинска финансиска инекција и здрави чекори во стопанството кои ќе доведат до поддршка која ќе гарантира опстојување на компаниите и заштита на стандардот на граѓаните, реагираше денеска ВМРО-ДПМНЕ на предложените нови економски мерки од СДСМ и Зоран Заев, меѓу кои и намалување на платите на јавната администрација поради ситуацијата со коронавирусот.

„Мерката за драстично кратење на платите преставува сериозен, повторувам сериозен удар за стандардот на вработените. И ова кратење требаше првенствено да започне од министрите, замениците министри, директорите, градоначалниците, именуваните функционери, а не во ист кош да се ставаат кога треба да има кратење на платите функционерите и работниците. Со економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ и стратешките соработници ги анализиравме мерките кои ги предложи СДСМ и Зоран Заев, и можам да кажам дека сме вистински загрижени дека и нема вистински план, а државата и стандардот на граѓаните е пред нова опасност за колапс“, истакна на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

XS
SM
MD
LG