Достапни линкови

„Вело-родео“ – еко настан за младите


Илустрација - велосипеди
Илустрација - велосипеди

На платото на „Млечен“ денеска ќе се одржи едукативно – рекреативен настан „Вело-родео“.

Младите љубители на велосипедизмот денеска ќе имаат шанса да бидат дел од еко настанот „Вело – родео“ кој го организира Општина Карпош и здружението „Еко Логик“.

„Сите млади и активни сограѓани, кои се љубители во велосипедизмот можат да дојдат со својот велосипед и низ дружба и забава да ги увидат придобивките од користење на ова превозно средство. Во вело – мрежата на „Еко Логик“ се вклучени десетте основни училишта во Карпош, што подразбира учество во континуираните активности со велосипед наменети за учениците, во организирање работилници и во напорите секое училиште и секоја населба да имаат подобра вело инфраструктура“, велат од општина Карпош.

Оттаму додаваат дека организацијата на вакви настани придонесува до поголема физичка активност кај младите, поточно за момент да ги остават телефоните и другите електрични уреди и да бидат активни.

Исто така, според нив, „враќањето“ на младите по маалските паркови и платоа придонесува и за обновување на маалскиот соживот во скопски Карпош.

XS
SM
MD
LG