Достапни линкови

Ваши коментари – Бркање датум и бегање во гепек


Илустрација.

Препукувањата за датум за преговори и изјавата на премиерот Зоран Заев дека неговиот претходник Никола Груевски избегал во гепек, се најкоментирани теми од нашите читатели на социјалните мрежи.

„До вчера Европа не ти требаше, НАТО не ти требаше, шо вака наеднаш се смени?“ или „Што вака наеднаш“ и Смешко што се смее до солзи – се коментарите на Столе Атанасов и Аќив Јакупи на ФБ страницата на РСЕ по пораката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прославата на 29-годишнината од основањето на партијата, дека неговата партија не сакала да го копира СДСМ за да предизвикаат криза со демонстрации, блокади, непослушност и шарање објекти, зашто „во овој момент е најважно да не се испушти шансата Македонија да добие датум за преговори за членство во ЕУ“.

Од шеесетината постови ги издвојуваме и следниве: Златко Танески: „ВМРО кога ќе биде на власт ќе нè примат во УА Емирати“; Лидија Пренџова: „Минхаузенот Грујо има копи-пејст! Поинаку и не е можно со таква структура каква што е во моментов“; Горанчо Јанковски: „Нема датум од вас кочничарите од ДПМНЕ, вие сте кочничарите во сите реформи, како прво во судството, знаете и самите дека треба да одговарате за направениот криминал, затоа и рачната ви е дигната, ама и тоа ќе помине, преговори наесен“; Стефче Стојановски исто така потсетува дека „вие го блокирате законот за СЈО зашто ви е страв од затвор. Изроди, сè уште ја уништувате државата“. Тина Поп-Христова постирала: „Па вие си играте со нашите нерви, бе, Мицко! Топло – ладно? Мислите ли дека сме без мозок или вие сте без мозок!! Па вие веќе 2 божји години ја предизвикувате кризата...!“ Џезми Далипи вели: „Датум ќе има, без разлика кога, сега или септември, октомври или декември, главно ќе има, вас ви гори...“

Потоа, по изјавата на премиерот Зоран Заев кој најави реконструкција на Владата и дека нема да има предвремени избори, со свои коментари настапиле приврзаниците на предвремени избори. Илија Ѓорески напишал: „Само со нови избори“, а Борче Тања Ребека Ѓорѓиев со сличен пост: „Зошто нема, сигурно си знае дека ќе изгуби!“

И одговорот на Груевски на тврдењето на премиерот Заев дека избегал скриен во багажник на автомобил, преку пост на ФБ профилот од Будимпешта дека не му паѓало на ум да бега во багажник, предизвикал поплава од резигнирани и лути реакции на посетителите на нашата ФБ страница. Кире Велјановски му порачува: „Ќе си дојдеш и ќе си лежиш, тоа е неминовен факт, сè друго е ПиАр и евтини приказни од лажниот патриот“. Или Трајче Трајанов кој коментира: „Не е битно за мене како избегал... избегал... чесните никогаш не бегаат“. А Изедин Зех Чадели со коментар: „Јунак се правеше секаде и со сите! Ама побегна како кукавица, за каузата се умира, и се одговара без оглед на цената која треба да се плати! Сега ќути таму и не ја кодоши државата“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG