Достапни линкови

Бугарски пасоши или бугарска самосвест?- вие коментирате


Passport Bulgaria File photo Ministry of Foreign Affairs
Passport Bulgaria File photo Ministry of Foreign Affairs

Новиот бугарски премиер, Кирил Петков, во интервју за Бугарската ТВ предложил пет работни групи и средба со новиот македонски премиер во јануари, и дека, како што изјавил, „македонските граѓани со бугарско потекло треба да бидат заштитени од дискриминација и од говор на омраза“.

Анна Јакимова веднаш коментирала: „Македонските граѓани со бугарски пасоши се гласачи па нека му ја мисли!!! А предлогот да се смени реториката е одличен и тој самиот веднаш да го примени“. Па додава: „Доста со уцени! Срам да ви е!“ Таша Рангел објаснува: „Македонците со двојно државјанство, бугарско, се или по свет или некои се во Македонија. Тие што гласале во Македонија мислам дека воопшто не се обесправени туку заземаат видни места и во државната администрација, а и во други јаки компании... Видете ја вашата дискриминација на Македонците во Бугарија. Дали тие имаат право на двојни државјанства, таа тематика и нас нѐ интересира...“ Дејан Наумоски прашува: „А има ли план за бугарските граѓани со македонска самосвест?“

Зголемен евроскептицизам по бугарското вето за Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:25 0:00

РСЕ ја објавува и изјавата на министерот за надворешни работи,Бујар Османи дека решение со Бугарија може да има веќе следниот месец, но коментарите изразуваат неверување и се прилично негативни. Тоше Цветковски му порачува: „Абе, Османи, не ги лажи луѓето 5 години, овој месец, оној месец, ве прочита народот“. Благица Нанева бара „Бугарија да не се меша во внатрешните работи на Македонија“. Потпишан со Санта Санта Мраз коментира: „Ќе има решение, да, ако нѐ направите Бугари преку ноќ, они од тоа не отстапуваат, оти изборите се добиваат со национализам на Балканот“.

Словенечкиот амбасадор во Македонија, Милан Предан, во неделното интервју за нашево Радио смета дека немањето македонски амбасадор во Софија секако било причина што можеби комуникацијата не била како што треба.

Радица Бојаџиев Николовска му одговара на Дејан Божиновски кој на мајтап прашува: „Можеби мисли на Орце Камчев?!“ Таа смета дека амбасадорот Предан „добар совет дава!“, а Дејан Божиновски ѝ возвраќа: „Од тие добри совети изгубивме 30 години од нашите животи.“ Слободанка Камчева наведува: „Процес на селекција и регрутација на кадри во Словенија постои веќе 50 години, а во Македонија не постои.“

Вообичаено, посетителите на ФБ страницата на РСЕ коментираат и по информациите за надворешно-политички теми. Германската министерка за одбрана, Кристин Ламбрехт бара построги санкции за Русија поради трупањето руски војници во близина на границата со Украина, а Нацо Попов со потсетување на историјата: „За фашистите нема санкции, за останатиот нормален свет има санкции“, но Мунир Селимовски му одговара: „Русија нема демократија, својот народ го држит во кафез“. Борче Попоски со еден вид закана: „Ќе го сопрат вентилот Русите, ќе измрзнете зимава, ај, ај, играјте си со мечката“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG