Достапни линкови

Британскиот премиер Џонсон е позитивен на коронавирус


Премиерот Борис Џонсон се тестираше за коронавирус и тестот е позитивен, соопшти Даунинг стрит и доплни дека британскиот премиер има благи симптоми и ќе се изолира во Даунинг стрит, објавија британските медиуми.

„Тој беше тестиран за коронавирус по личен совет на главниот медицински советник на британската Влада, професорот Крис Вити“, се вели во соопштението.

И премиерот на својот Твитер профил напиша дека имал симптоми и дека е позитивен на коронавирусот.

И покрај заразата, Џонсон останува главен во владиниот тим во битката за справување со пандемијата, се додава во соопштението.

XS
SM
MD
LG