Достапни линкови

Божиќ во Бугарија: „Пред тоа 40 дена пост“


коледари за Божиќ, Бугарија

Како и многу соседи на Бугарија од Централна и Источна Европа, Бадник е настан што е исто толку важен, како и Божиќ. РСЕ разговараше со Теодора Барзакова од Бугарскиот сервис за тоа како се слават овие празници во нејзината земја.

И покрај тоа што се претежно православни христијани, Бугарите се невообичаени по тоа што го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар.

Ова значи дека тие слават на 25 декември како и многу други западноевропски земји, дури и ако традициите што ги следат честопати се слични на оние што ги практикуваат нивните соседи од Централна и Источна Европа две недели подоцна.

Како и другите нации во регионот, вечерта пред Божиќ е настан што често е исто толку важен за Бугарите, како и самиот ден.

„На Бадник повеќе уживам“, вели Теодора Барзакова од Бугарската редакција на РСЕ. „Тоа е најголемиот празник од ваков вид во Бугарија ... тоа е најстариот семеен празник каде традицијата е сите да се соберат заедно“.

Како и повеќето православни христијани, Бугарите треба да држат пост до Божиќ. Како и во други земји, вели Барзакова, веќе многу луѓе не го прават ова, иако од падот на комунизмот, „повторно се врати и има помлади луѓе кои постат“.

Гужви на балканските граници и покрај пандемијата

Освен празникот Свети Никола на 6 декември, кога на бугарските христијани им е традиционално дозволено да јадат риба, обичајот бара строго почитување на практиката да не се јаде месо пред Божиќ.

„Теоретски, во основа станувате вегани 40 дена“, вели Барзакова, додавајќи: „Се откажувате од сè што е живо или е поврзано или е направено од животни“.

„Теоретски“, се разбира, е вистинскиот збор овде, бидејќи повеќето луѓе не остануваат без месо неколку недели пред Божиќ.

Како и да е, Бадник е можеби едно време од годината кога дури и најтврдокорните месојадци се воздржуваат од јадење какви било животински производи.

„Бугарската кујна е сè околу месото“, вели Барзакова. „Но, ако има еден оброк каде што не јадете месо, тоа е на Бадник“.

Следствено, Бугарите обично слават со низа вегетаријански јадења на 24 декември, вклучувајќи супа од грав, „сарми“, полнети пиперки, разни колачи, компот, како и овошје и ореви, суви сливи, и суви кајсии.

Германија планира да дозволи 10 луѓе да слават заедно Божиќ

Според Барзакова, една традиција што строго се почитува е дека „секогаш треба да имате непарен број јадења на масата“. Таа не знае од каде точно доаѓа ова, но дека „е за подобра среќа“.

Во согласност со барањата без месо за Бадник, Бугарите јадат специјален леб на овој ден наречен „питка“. „Не содржи какви било работи како путер или млеко што може да ги ставите во леб што не е вегански“, вели Барзакова.

Леб питка во Бугарија за Божиќ со паричка внатре за среќа и просперитет
Леб питка во Бугарија за Божиќ со паричка внатре за среќа и просперитет

Како и традицијата на тркалезни лебови во другите делови на Балканот, Бугарите додаваат паричка во питката, а кој ќе ја најде во неговото парче би требало да „има среќа во текот на годината и ќе заработи најмногу пари од целото семејство “.

По оброкот на Бадник, многумина може да присуствуваат и на полноќната миса. Полноќ е исто така времето кога ќе се појават коледарите. Овие групи на мажи обично се украсуваат во традиционална облека и одат низ соседните куќи пеејќи песни. Иако тоа е обичај што сè уште го има по селата, тој изумре во урбаните области.

Останете дома за Божиќ, апелира СЗО

Друга традиција на Бадник, вели Барзакова „е дека не треба да ја чистите масата откако ќе завршите“. „Треба да ја оставите таму за вашите мртви роднини да дојдат преку ноќ и да јадат“, вели таа, додавајќи дека западните влијанија сега го нарушуваат овој обичај. „Сега, некако им објаснивме на децата дека очигледно е тука за Дедо Мраз кога ќе дојде ноќе“.

На 25 декември, Бугарите обично седнуваат на божиќен попладневен оброк, кој честопати е подеднакво богат како и претходната вечер. „Само што се опоравивте од вечерта мора да одите на ручек “, вели Барзакова, додавајќи дека, како што Бугарите теоретски се откажувале од храна од животинско потекло 40 дена и сега можат да го прекинат постот, „треба да биде доста богата трпеза со многу месо“.

„Традиционалното јадење е мисирка со зелка, но има и друга работа што луѓето многу ја готват“, вели таа, додавајќи: „Во моето семејство секогаш имаме јадење наречено капама. Тоа е големо јадење во кое во основа можете да ставите што било и го ставате во рерна на ниска температура со часови“.

Капамата се прави со најмалку три различни парчиња месо, најчесто свинско, пилешко и колбас.

Овие се мешаат со кисела зелка, кромид, ориз и разни билки и зачини пред да се печат полека за да се добие вкусна чорба.

Барзакова инсистира на тоа дека, за да се добие вистински бугарски вкус, храната мора да се прави во специјален глинен сад, што му дава посебен вкус на јадењето.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG