Достапни линкови

Без царина 13 медицински производи, ќе има мерки за месната и прехрамбената индустрија


Заштитни маски и ракавици

Поради ситуацијата со коронавирусот, Владата стопроцентно ги укина царинските давачки за 13 медицински производи, кои се се увезуваат како потрошен медицински материјал. Се укинуваат царините за етил алкохол со 80 и повеќе проценти на содржина на алкохол, етил алкохол и други алкохоли ненатурирани, сапуни за тоалетна употреба, други сапуни, производи и препарати за миење на кожа во форма на течност или крем и приготвени за продажба на мало со или без содржина на сапун, детергенти, препарати за перење или препарати за чистење, пластична облека и прибор за облека, текситлни драпери кои се употребуваат при хируршки процедури, пластични маски со текстилен филтер, како и очила со стакла од пластични маси.

„Укинувањето на царинската стапка за овие стоки ќе важи до завршувањето на вонредната состојба поради корона вирусот. Се замрзнуваат цените за потрошен медицински материјал и медицинска опрема и апарати на цената која била утврдена на 11 март 2020 година кога СЗО прогласи пандемија на корона вирусот. Цените ќе се применуваат до 30 април 2020 година. Целта на оваа мерка е да се вратат цените на маските, ракавиците и друг медицински материјал и опрема кои во изминатите неколку дена пораснаа за неколку пати поради зголемената побарувачка од граѓаните како средства за основна заштита од ковид 19“, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој информираше дека ќе се донесат и дополнителни мерки во делот на намалување на царините на барање на компаниите од месната и прехранбената индустрија со цел намалување на цените и овозможување непречено работење на оваа индустрија и увоз на репроматеријалите кои им се потребни.

XS
SM
MD
LG