Достапни линкови

Ангеловска - Бежоска: Имаме високи девизни резерви и силен банкарски сектор


Имаме девизни резерви од 3 милијарди евра, двојно повеќе од нивото во 2008 година кога почна светка економска криза. Не постои апсолутно никаков ризик по стабилноста на девизниот курс, рече денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска - Бежоска, на денешната прес-конференција за економските мерки за помош на стопанството за време на епидемијата на КОВИД-19.

Таа нагласи дека макроекономската состојба во државата е стабилна во услови на ниска инфлација, има високи девизни резерви и силен банкарски сектор. Таа додаде дека банките ќе продолжат да работат, но апелираше граѓаните да ги избегнуваат експозитурите за да си го заштитат здравјето и побара од граѓаните повеќе да користат електронско банкарство.

XS
SM
MD
LG