Достапни линкови

Незадоволството под мустаќ, за проблемите молк


Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата во Битола на 28 август 2012 година.
Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата во Битола на 28 август 2012 година.

Најголем виновник зошто македонските граѓани се плашат да го изразат своето незадоволство или отворено да го кажат своето мислење за одредени работи, е грубата политизација на општеството во сите негови сегменти.

Зошто македонските граѓани се плашат да го изразат своето незадоволство на јавни манифестации и протести или отворено да го кажат своето мислење за одредени работи. За експертите, најголем виновник е грубата политизација на општеството во сите негови сегменти.
Политиката значително почнува да се меша во слободата на мислењето. Можеме да ги класифицираме овие примери од оние најтешките каде што на пример во државата сè уште постојат политички затвореници преку апсењето на новинарите или нивното шиканирање или казнување од страна на политичката власт. Од друга страна, и обичниот човек кога ги гледа тие примери на екран или кога чита за нив, нормално дека е уплашен. Знаете, ќе го казните Љубе Бошкоски со толку години затвор, ќе го казните Велија Рамковски, во една западна Европа, во една демократска Европа, тоа не постои. Во оваа, би рекол, социјална драма која ја живееме неколку години наназад, напнатост, сиромаштија, безработица, нормално дека секој е уплашен за сопствената егзистенција. Во таа насока има два метода, едниот е запакување и лажење на народот, манипулација на народот, негово корумпирање со ситни пари или целосно и директно заплашување.
Нано Ружин, универзитетски професор

Преовладува мислењето дека луѓето го одмолчуваат својот став со цел да не бидат злоупотребени и етикетирани дека ја одработуваат агендата на политичките партии. Некои истражувања покажуваат дека луѓето се плашат да зборуваат од егзистенцијални причини, поточно да не го изгубат своето работно место, или да бидат девалвирани. Најголем револт предизвикува тоа што не може граѓаните да го изразат повидливо своето незадоволство, а веднаш потоа да не се организираат контра протести, кои меѓу редови значат одземање на правото на критичен глас.
Контра протест за поддршка на изградба на црква Св. Констатин и Елена во Скопје.
Контра протест за поддршка на изградба на црква Св. Констатин и Елена во Скопје.

Гласот на индивидуалецот, односно на оној кој слободно мисли во Македонија е сè позадушен од гласноговорниците на големите политички партии. Интересно е дека практично партиските војници себе си се претставуваат како народ. Самите граѓани се во една беспомошна ситуација во која или дозволуваат да бидат несвесно втурнати и да учествуваат на митинзи за да ја исполнат политичката агенда на одредени партии, или воопшто не присуствуваат на јавни манифестации или на јавно покажување отпор, плашејќи се дека може да бидат девалвирани на работното место или сосема да го изгубат.

Професор Нано Ружин смета дека луѓето се плашат да изразат незадоволство или да побараат нешто што им припаѓа, поучени и од некои примери во општеството каде политиката значително почнува да се меша во слободата на мислењето.
Главно тоа го наметнаа партиите во Македонија, таквиот пристап или тоа етикетирање, идеолошки или уште подлабоко некои национални етикети, воведе во Македонија еден реален страв, особено кај еден добар дел на интелектуалците кои имаа обичај да го кажуваат своето мислење без да сметаат дека тие ќе бидат етикетирани. Како да искажете нешто, еве да речеме во однос на антиквизацијата, вие веднаш за тоа добивате некоја етикета, а таа е во голема мера партиски определена, диктирана од партиските центри. Дури и сечењето на дрвјата или што и да било во Македонија добива една партиска обоеност, тоа е мачно, мачно за правите интелектуалци, затоа и тие понекогаш занемуваат, бидејќи во таа ситуација тешко можат послободно да мислат.
Илија Ацески, социолог, универзитетски професор.

„Политиката значително почнува да се меша во слободата на мислењето. Можеме да ги класифицираме овие примери од оние најтешките каде што на пример во државата сè уште постојат политички затвореници преку апсењето на новинарите или нивното шиканирање или казнување од страна на политичката власт. Од друга страна, и обичниот човек кога ги гледа тие примери на екран или кога чита за нив, нормално дека е уплашен. Знаете, ќе го казните Љубе Бошкоски со толку години затвор, ќе го казните Велија Рамковски, во една западна Европа, во една демократска Европа, тоа не постои. Во оваа, би рекол, социјална драма која ја живееме неколку години наназад, напнатост, сиромаштија, безработица, нормално дека секој е уплашен за сопствената егзистенција. Во таа насока има два метода, едниот е запакување и лажење на народот, манипулација на народот, негово корумпирање со ситни пари или целосно и директно заплашување“, вели професор Нано Ружин.

Дел од експертите и интелектуалците велат дека јавно не зборуваат за актуелни настани или сè помалку го прават тоа, бидејќи се разочарани од интерпретацијата на јавно кажаниот збор во медиумите. Преовладува мислењето дека силната партизираност на медиумите е причина за отсуство на вистински дебати, а некои интелектуалци сè повеќе се сомневаат дека навистина ќе може да го искажат својот став без да бидат ставени нивните зборови на контото на едната или другата партија, односно да бидат политички обоени и етикетирани. Според некои размислувања, отсуството од јавната сцена се должи на стеснувањето на просторот каде што слободно може да се изнесе сопственото мислење без тоа да помине низ филтерот на цензурата, вели социологот Илија Ацески.

„Главно тоа го наметнаа партиите во Македонија, таквиот пристап или тоа етикетирање, идеолошки или уште подлабоко некои национални етикети, воведе во Македонија еден реален страв, особено кај еден добар дел на интелектуалците кои имаа обичај да го кажуваат своето мислење без да сметаат дека тие ќе бидат етикетирани. Како да искажете нешто, еве да речеме во однос на антиквизацијата, вие веднаш за тоа добивате некоја етикета, а таа е во голема мера партиски определена, диктирана од партиските центри. Дури и сечењето на дрвјата или што и да било во Македонија добива една партиска обоеност, тоа е мачно, мачно за правите интелектуалци, затоа и тие понекогаш занемуваат, бидејќи во таа ситуација тешко можат послободно да мислат“, вели Ацески.

Сите протести на кои незадоволните го кажаа својот глас против одредени состојби и сегменти во општеството беа задушени со тоа што беа етикетирани дека тоа не е граѓанско незадоволство, туку беше етикетирано како дел од агендата на опозициските партии. Имаше протести на белите мантили каде што незадоволството кулминираше поради моделот на плаќање по учинок што ја деградира лекарската професија. Некои од лекарите што протестираа беа етикетирани како симпатизери на опозицијата кои се спротивставуваат на реформите на власта. Слична ситуација имаше и кај универзитетските професори кога протестираа против измените на законот за високо образование. Експертите изразуваат разочараност од одѕивот на овие протести, нагласувајќи дека кога нема одѕив, не може да се постигне целта, особено по сè поактуелните контра протести кои кај народот имаат цел да предизвикаат поинаква слика, дека тие што не се задоволни, всушност се инструментализирани од партиите што не ја поддржуваат власта.
Универзитетски протести и контрапротести
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00
Професор Мирјана Најчевска забележува дека изминатиов период сме сведоци дека со кампањи и други популистички мерки, владата креира реалност која е поинаква од онаа која ја живеат луѓето, но отсуствува реакција кај поширокиот дел од јавноста.
Имаше промени на Законот за високото образование, промени коишто директно влијаеја на нарушување на автономијата на Универзитетот. Сенаторите, претставниците на универзитетските единки во Сенатот на Универзитетот Кирил и Методиј се плашеа да застанат во одбрана на сопствените права, во одбрана на автономијата на Универзитетот. Синдикатот воопшто не реагира на ниту една од провокациите коишто се однесуваат на елементарна заштита на правата на работниците, дури и во моментот кога работниците очигледно ги губат своите права поради непочитувањето на законите од страна на работодавачите, Синдикатот се задоволува во некакво салонско мудрување наместо да излезе на улица.
Мирјана Најчевска, универзитетски професор.

„Имаше промени на Законот за високото образование, промени коишто директно влијаеја на нарушување на автономијата на Универзитетот. Сенаторите, претставниците на универзитетските единки во Сенатот на Универзитетот Кирил и Методиј се плашеа да застанат во одбрана на сопствените права, во одбрана на автономијата на Универзитетот. Синдикатот воопшто не реагира на ниту една од провокациите коишто се однесуваат на елементарна заштита на правата на работниците, дури и во моментот кога работниците очигледно ги губат своите права поради непочитувањето на законите од страна на работодавачите, Синдикатот се задоволува во некакво салонско мудрување наместо да излезе на улица“, вели Најчевска.

Тоа ниво на страв беше огромно, беше многу високо, генерално беше дека над 80 отсто од луѓето не би искажале свое мислење, иако го имаат по одредени теми. Голем дел од нив мислат дека нема зошто да го прават тоа, и да го искажат, нема ништо да промени ништо во општеството. Други, околу 35 проценти мислат дека тоа секако ќе има последица по работното место. Тоа е најголемиот страв, значи суштината на стравот е работното место и последиците по работното место. Знаеме колкава е невработеноста во Македонија и тоа е алфа и омега во размислувањата.
Александар Цветкоски, НВО АГТИС.
И егзистенцијалните проблеми кога се во прашање, а тоа се оние кои најмногу удираат по џебот на граѓаните, бројноста за изразување на незадоволството е недоволна за да предизвика поголем притисок, како што се случува во земји кои се непосредно во нашето опкружување, каде што луѓето масовно излегуваат на улица. Ние имавме протести поради поскапувањето на струјата, што несомнено го засега секој граѓанин, но сепак најхрабрите што решија да демонстрираат незадоволство повторно беа декласирани со коментари дека режираат сценарио во корист на опозицијата.

„Работите со АМАН толку добро тргнаа, имаше луѓе кои не се партиски, многу луѓе доаѓаа, и после тоа наеднаш сето тоа беше етикетирано, беа покажувани луѓе кои се членови на СДСМ, беа покажувани луѓе кои се традиционално блиски со кругот на Фондацијата Отворено општество и тогаш наеднаш луѓето почнаа да се сомневаат во нивната мисија, која сепак беше благородна зашто тие се залагаат за намалување на цената на струјата. Значи, секој на тие работи би реагирал позитивно, но кај луѓето етикетата многу силно делува. Ете тоа е на пример еден спин што успеа. Па не постои ниту еден настан, кој сакате кажете го, кој не е силно спинуван“, изјави Александар Цветкоски од невладината организација АГТИС.

Оваа организација минатата година направила истражување кое зборува низ бројки колку од граѓаните се спремни јавно да зборуваат за состојбите во државата кои лично ги засегаат. Главната поента на истражувањето се чини е податокот дека луѓето не го користат своето право на слобода на изразување поради нестабилната економска ситуација која сè повеќе предизвикува неизвесност кај граѓаните за сопствената егзистенција и перспектива.

„Тоа ниво на страв беше огромно, беше многу високо, генерално беше дека над 80 отсто од луѓето не би искажале свое мислење, иако го имаат по одредени теми. Голем дел од нив мислат дека нема зошто да го прават тоа, и да го искажат, нема ништо да промени ништо во општеството. Други, околу 35 проценти мислат дека тоа секако ќе има последица по работното место. Тоа е најголемиот страв, значи суштината на стравот е работното место и последиците по работното место. Знаеме колкава е невработеноста во Македонија и тоа е алфа и омега во размислувањата“, вели Цветкоски.

Експертите велат дека на луѓето им е вградено свесно или несвесно дека политиката е сеприсутна и дека што ќе се случува со стандардот зависи од политиката. Исто така познато е дека секоја партија што доаѓа на власт си вработува свои луѓе во администрацијата и во државните органи каде што платите се осигурани.
Протести за црква, што никој не планира да ја урива
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:28 0:00
Анкетите покажуваат дека граѓаните се предозирани од политика и им пречи зошто таа се провлекува во секој сегмент од животот. Тие наведуваат дека сме земја во која транзицијата трае предолго време, дека имаме политичка и економска нестабилност, дека сме земја за која е неизвесно дали ќе стане дел од ЕУ и НАТО, дека имаме кревки меѓунационални односи и дека и тука постои страв отворено да се каже на пример дали се поддржува изградба на црква или на џамија со цел да не се предизвика непотребна реакција, која ќе заврши на контото на некоја политичка партија. Граѓаните не ги интересира политиката, но токму од политиката им зависи работното место, особено на оние кои земаат плата од буџетот. Тие избегнуваат јавно да го искажат своето мислење или незадоволство, стравувајќи дека таквото однесување ќе им предизвика некакви турбуленции на егзистенцијален план.
Се случува луѓе коишто се платени да дојдат на протест, зашто секој што протестира прво губи дневница, а потоа се плаши за своето работно место, да не го познаат, да не има реперкусии, сè уште владее тоа кај нас.
Анкетиран граѓанин.

Најголем револт предизвикува тоа што не може граѓаните повидливо да го изразат своето незадоволство, а веднаш потоа да не се организираат контра протести, кои меѓу редови значат одземање на правото на критичен глас. Во изминатиов период бевме и сведоци на судири на двете толпи кои не само вербално туку и физички се пресметуваа. Сè уште се свежи настаните по излегувањето на опозицијата од парламентот.

„Се плаши народот, не зборува доволно. Сето тоа го зборуваат меѓу себе, но не зборува јавно. Всушност народот не ни треба да се занимава со политика, меѓутоа цел народ се занимава само со политика и од таа политика се плаши да зборува. И ако не е задоволен, се плаши да зборува.“

„Не ни сакам да учествуваат зашто гледам каков народ сме, плашлив и што барам. Една единка не може ништо да направи, или двајца или петмина, ништо не може да направат.“

„Не се почитува гласот на единката, значи, треба да бидеш со голема група за некој да ти го слушне гласот, никој не го почитува гласот на единката, почнувајќи од обично место за паркирање, дека не сакаш да плаќаш паркинг пред својата зграда, ама никој не го почитува твоето мислење.“

„Малце ако се побуниш, условно кажано, тогаш веќе не чиниш, штрчиш и одма те сечат. Мислам дека тоа треба да се смени, но тоа само народот може да го направи, никој друг. Се плашат луѓето за своите работни места, а со тоа и опстанокот на фамилијата и мислам дека тоа е причината зашто не зборуваат.“

„Се случува луѓе коишто се платени да дојдат на протест, зашто секој што протестира прво губи дневница, а потоа се плаши за своето работно место, да не го познаат, да не има реперкусии, сè уште владее тоа кај нас“, велат анкетираните граѓани.
Човечки обрач околу ГТЦ за „спас од барок“
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:55 0:00
Експертите нагласуваат дека во македонското општество потребно е од корен да се сменат работите во повеќе области за да може човекот да биде вреднуван според неговата стручност и знаење и кога различните мислења ќе се сметаат како благодет за едно општество, а не како закана за одредени политички партии. Тоа подразбира граѓанско критична маса која ќе биде коректор на власта и фактор кој вистински ќе ги менува работите во земјата. Во такво демократско општество нема да има простор за страв ниту за хипокризија, односно додворување на власта за ситни амбиции и етаблирање во општеството.

„Власта мора да биде контролирана, и од опозицијата, и од медиумите и од народот, од целото граѓанското општество, и сега мене ми звучат смешно оние накарадни изјави на власта кога ќе каже, за доброто на Македонија неопходна е силна опозиција. Секако, но неопходни се и другите елементи. Освен силна опозиција, потребна е и поделба на власта и заемна контрола меѓу судската и извршната власта, потоа контрола од страна на граѓанинот, контрола од страна на опозицијата, медиумите. Во тој случај ќе исчезне целиот страв, ако така функционира и затоа не случајно Европа и критериумите на Европа се такви што бараат развој на демократијата, а на тој начин и исчезнување на тој страв, апсурден страв, којшто денеска во 21 век во една држава којашто веќе 20 години живее во плуралистичко општество, за жал има граѓани коишто се заплашени или уценети“, вели Ружин.

Тој е оптимист кога станува збор за еманципација на граѓаните. Тој смета дека работите во општеството многу побрзо ќе се сменат на подобро, доколку граѓаните на време сфатат дека не треба толку силно да се врзуваат за политичките партии и дека тие имаат епизодна улога во нивниот живот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG