Достапни линкови

Одмор од партиските кампањи


Еден месец пауза од политичките кампањи на радио и на телевизија

Еден месец пауза од политичките кампањи на радио и на телевизија

Од петок па се до официјалниот почеток на изборната кампања медиумите не смеат да емитуваат политички кампањи.

Од петок, па се до официјалниот почеток на предизборната кампања, телевизиите и радијата ќе ги одморат граѓаните од политичките кампањи, антикампањи и од владините реклами. Според изборниот законик, пак, владините кампањи ќе престанат и во весниците.
Оваа едномесечна пауза е предвидена во нацрт-правилникот за однесување на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања, што го донесе Советот за радиодифузија.
Од денот на распишување на изборите, па се до денот на почеток на изборната кампања забрането е платено политичко рекламирање, забрането е информирање на сите активности на политичките партии и субјекти во цел промоција.

Спикерот Трајко Вељаноски најави дека в петок ќе ги распише предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 5 јуни. Предизборната кампања ќе трае 20 дена.

Сепак, иако владините кампањи целосно ќе престанат, ништо не ги спречува политичките партии и во овој период да се рекламираат или да ги „плукаат“ опонентите преку платени огласи во весниците.

Претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски информира дека, според правилникот, радијата и телевизиите ќе може да известуваат за активностите на политичките партии, но тоа не смее да биде во функција на медиумско изборно претставување. Тој посочува дека информациите за активностите на политичките партии може да бидат пласирани во вестите, но не и во другите информативно политички емисии и нема да смее да се користат директни изјави од политичарите што се однесуваат на нивна или партиска промоција.

Нема дерман од политичките кампањи во весниците.

„Од денот на распишување на изборите, па се до денот на почеток на изборната кампања забрането е платено политичко рекламирање, забрането е информирање за сите активности на политичките партии и субјекти во цел промоција, односно изборно медиумско претставување. Сите информации, за граѓаните да не останат неинформирани за она што се случува во Македонија што е поврзано со изборите, сите информации ќе бидат пласирани во дневно-информативните програми на вашите медиуми. Значи сите други активности од денот на распишување на изборите, вклучително и владините кампањи кои со посебен член на законот престануваат од денот на распишување на изборите. Значи замираат сите активности.“
Ќе биде нагласено во ценовниците дека тие попусти кои што би се дале за еден политички субјект би требало да важи и за
останатите.

Од распишувањето на изборите, па се до официјалниот старт на изборната кампања, телевизиите и радијата ќе може да интервјуираат политичари само во вестите, но не и во другите политички емисии. Интервјуата може да траат до 10 минути, а дебатите најмногу до 15 минути.

Иако, Советот бараше медиумите да не може да бидат донатори во предизборните кампањи на партиите, пратениците не го прифатија тоа. Според изборниот законик, медиумите, како и сите други фирми, може да им донираат на партиите најмногу до пет отсто од годишниот бруто приход. Стефаноски вели дека медиумите треба да им понудат исти цени за рекламирање на сите партии.

Еден месец пауза од рекламните спотови на телевизија и на радио

„За жал не се направи ништо повеќе од она што очекувавме во врска со донациите, односно попустите во ценовниците, но од друга страна ќе биде нагласено во ценовниците дека тие попусти кои што би се дале за еден политички субјект би требало да важи и за останатите за да се обезбеди рамноправен пристап на сите субјекти кон медиумите. Тоа ќе биде дел што вие самите во правилниците ќе ги пропишете.“

Стефаноски се жали дека казните за прекршување на правилата се многу ниски. Се движат од 3 до 5 илјади евра за медиумот и од 300 до 1000 евра за одговорните луѓе во медиумот.

Советот донесе и предлог за измени на правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборната кампања. Двата документи се во нацрт фаза и за нив, членовите на Советот во наредниве денови планираат да разговараат со претставници на медиумите и со сите релевантни институции поврзани со изборниот процес.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG