Достапни линкови

Забрана на абортусот?


Анти-абортус кампања во Скопје

Анти-абортус кампања во Скопје

По појавата на владината медиумска кампања, се отвори прашањето дали кампањата е подготовка за законска забрана на абортусот?

„Избери живот, имаш право на избор“. Со вакво мото, Владата пред извесно време започна медимумска кампања против абортусот. По појавата на рекламите на кој експлицитно како потписник стои владата, се отвори прашањето дали таквите кампањи се подготовка за законска забрана на абортусот. По стартот на кампањата од Владата објаснија дека кампањата е со едукативна цел, а не со намера да се забранува абортусот. Со неа сакале да постигнат граѓаните да се информираат за негативните последици врз
Со оваа кампања владата го доведува во опасност здравјето на жените, особено на оние, кои сега ќе се уплашат да извршат безбеден абортус во здравствени установи за да не бидат стигматизирани и жигосани.
здравјето, особено за помладите жени.

Активистот за човекови права Жарко Трајаноски вели дека Владата избрала погрешна кампања за да ги објасни штетните последици од абортусот.

„Со оваа кампања владата го доведува во опасност здравјето на жените, особено на оние, кои сега ќе се уплашат да извршат безбеден абортус во здравствени установи за да не бидат стигматизирани и жигосани.“

Во спотовите се нагласуваат само тешките последици од абортусот, жената која абортира се преставува како насилник, се поедноставуваат работите дека за чување на бебе се потребни само „илјадарче“ за пелени и количка и креветче подарок од бабите и дедовците, или пак има и таква реклама во која таткото алкохоличар се гушка со своето дете и пораката - каков и да си, има некој кој те сака-твоето дете. Или, пак, Владата се преставува како лекар и укажува дека насилното прекинување на бременоста може да предизвика стерилитет, сепса и други сериозни здравствени последици кај жените, па дури и смрт.

Граѓаните кои ние ги анкетиравме сметаат дека секој има право да одлучува за себе и и за своето здравје.

„Можеби абортусот треба да биде легален.“

„Па да имаат право жените на избор.“

Останатите мислење може да ги погледнете во Хајд Паркот на нашата интернет страница.



Но, ова не е прва кампања против абортусот. Во 2007 година, се појавија плакати со порака „Не абортирај“ со слики на крвав фетус, тогаш Владата тврдеше дека не знае кој стои зад лепењето плакати. Но, Трајноски вели дека досега Владата имала обиди да го отвори прашањето за забрана на абортус.

„Тоа беше идеа од пред неколку години, меѓутоа после бурната реакција на јавноста тие се откажаа од таа идеја.“

Податоците на Институтот за јавно здравје велат дека годишно се прават по околу 6.000 легални абортуси. Експертите се загрижени дека со забраната за абортус или со затегнување на условите за него би го зголемиле бројот на жени што абортираат на диво. На пример во Ирска каде абортусот е забранет се појави практика абортуси да се изведуваат на брод кој плови во близина на Даблин, но во меѓународни води. Бродот е на холандската невладина организација „Жени на брановите“ и плови во близина на земји каде постапката за абортус е незаконска.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG