Достапни линкови

Предизборната кампања не e почната, а медиумите се длабоко навлезени и поделени во промоција на партиите.

Лопата по лопата-глас. Растрчани кој по села, кој по градови, политичарите се расфрлаат и со ветувања и со закани. Надвор од сите норми и правила, Македонија катадневно живее во предизборна кампања. На телевизиите обележани како блиски до власта, се вртат спотови за се и сешто, кои ја величат владата и се што таа сторила за народот. Пофалби за здраството, судството, спотови за новите автобуси, за тоа дека ја направиле „Илинденска“, за салите, игралиштата, за што ли уште не. Не се остава на случајност , делата да говорат за стореното, туку мора да се повтори, за подобро да се сфати. Оние, пак, медиуми со предзнак опозициски, известуват за секој збор и секое појавување на опозициските лидери. А, на нивните станици се вртат пак „црни“ спотови, кои покажуваат дека никогаш не било полошо.

Кампањата не почната, почна

Предизборната кампања уште непочната, а медиумите длабоко навлезени во промоција на партиите. А, ако денот се познава по утрото тогаш не очекува остро предизборие, во кое и медиумите и партиите ќе се служат со сите расположиви средства, велат експертите.

Негативна кампања против владеачката ВМРО ДПМНЕ

За изборите во 2009, и домашните и меѓународните набљудувачи дадоа позитивни оценки. Се разбира, некои проблеми останаа, но немаше жртви во вистинска смисла на зборот како на изборите во 2008. Вршењето притисок за кого да се гласа, семејното гласање, процедурални нерегуларности, останаа, но генералната оценка беше дека Македонија може и знае да спроведе мирни избори кои се важни за ЕУ и НАТО интеграциите. Заклучокот на мониторирањето од страна на МИМ за тоа како известуваа медиумите за изборите во 2009, покажа дека изборите не им биле баш интересни на медиумите.

Петрит Сарачини, кој беше раководител на проектот, вели дека на минатите избори, медиумите далеку помалку известувале за изборите, отколку што сме навикната тоа да го прават во дваесетгодишниот период на транзитирање на македонското општество кон една целосна и функционална демократија.

„Има неколку причини за тоа, можеби клучната беше тоа што во 2008 година имавме навистина тензичен амбиент на изборите, кој што
Тие односи меѓу медиумите и политиката се нетранспарентни и нешто што ние го детектираме да речеме како паралелниот медиумски свет, кој што за жал се уште постои во Македонија помеѓу гласачите Македонци и гласачите Албанци.
резултираше нели со насилство. Се чини како да имаше некој премолчан договор меѓу политичките актери и медиумите за изборите во 2009-та година да не се ’таласа‘ толку.“

Некои од недоследностите што ги нотиравме во извештајот се провлекуваат цело време, вели Петрит Сарачини.

„Проблеми со легислативата во однос на медиумските кампањи за изборите. Тие односи меѓу медиумите и политиката се нетранспарентни и нешто што ние го детектираме, да речеме како паралелниот медиумски свет, кој што за жал се уште постои во Македонија помеѓу гласачите Македонци и гласачите Албанци, и начинот на кој што политичките партии кои што освен политичка имаат и етничка обоеност, им се обраќаат на гласачите.“

Негативна кампања во дел од медимите против опозиционата СДСМ

Не очекува негативна кампања во која нема ниту да видиме, ниту да слушнеме конкретна политичка понуда, вели професорката по комуникации Весна Шопар. Црно-белата слика која во моментот ја имаме кај медиумите, особено кај нациоанлите телевизии, вели таам најверојанто ќе се преслика и во изборниот период. Практиката за тоа како известуваат медиумите за избори, најверојатно ќе продолжи и понатаму, посочува Шопар.

Политичка злоупотреба на медиумите?

Оценката на Советот за радиодифузија по изборите во 2009-та беше дека телевизиите и радијата, со мали исклучоци, за време на кампањата известувале избалансирано, со исклучок на една телевизија. Советот за целиот период на кампањата повел пет прекршочни пријави, и три за прекршување на изборниот молк.

Што може да очекуваме сега, кога
Медиумите се однесуваат како и партиите, предизборно. За жал многу од медиумите се влезени длабоко во изборната кампања со континуирано емитување на рекламни пораки, дали се од едната или другата страна не е битно, рекламите на владата се се почести на одредени медиуми, а морам да кажам дека и присуството на луѓе од политиката, односно политичкото медиумско претставување веќе е започнато.
медиумите ќе известуваат за престојните избори, ќе слушнете од разговорот со претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски.

Г-дине Стефаноски, како се однесуваат медиумите сега, пред почетокот на официјалната кампања?

Медиумите се однесуваат како и партиите, предизборно. За жал многу од медиумите се влезени длабоко во изборната кампања со континуирано емитување на рекламни пораки, дали се од едната или другата страна не е битно. Рекламите на владата се се почести на одредени медиуми, а морам да кажам дека и присуството на луѓе од политиката, односно политичкото медиумско претставување веќе е започнато.

Што може вие како Совет да направите за да не се случува ова?
Видете, за да направите нешто треба да има некаков член од законот кој што ја лимитира, ограничува или забранува ваквата појава во медиумите. За жал тоа правило го немаме, што значи дека она што не е забрането е дозволено. Многу е логично дека медиумите треба да се занимаваат со изборна кампања и самите политички партии, за време на изборна кампања.

Што може да очекуваме кога веќе официјално ќе започне изборната кампања во услови кога трае и пред започнувањето?

Зоран Стефаноски, претседател на Советот за радиодифузија

Веќе реков ’по утрото денот се познава‘. Тоа би требало да биде кампања со максимално учество на медиумите во интерес или корист на оваа или онаа политичка опција, но треба да споменеме она што како ограничување постои во законот, а тоа е дека владините кампањи во моментот на објавување на изборите, прекинуваат. Значи кампањите финансирани со средства од буџетот не смеат да се користат понатаму, така што остануваат само кампањите на самите политички субјекти. Ние ќе се обидеме тие
Избори секогаш ќе има, и сега и понатаму, но медиумите не смеат да бидат инволвирани, не вака директно и вулгарно како што се сега инволвирани и злоупотребени од страна на политичките
субјекти.
кампањи, со оглед на тоа дека веќе имаме правила за официјалната кампања, ќе се обидеме со насоки и правила за медиумско претставување надвор од изборна кампања, да ги лимитираме, односно да ги поставиме во период каде што ќе бидат присутни сите активности на партиите, а тоа ќе бидат дневно информативните програми, сето друго претставување ќе биде забрането и ние тоа ќе го санкционираме во зависност од она што ќе ни го овозможи Изборниот законик, кој минатата недела беше донесен, значи во зависност од санкциите кои ќе ги пропише тој, а кој ќе можеме да им ги изречеме на радиодифузерите.

Зошто се добива впечаток дека медиумите се ставаат во улоги на одредени партии?
Не се добива впечаток, туку тоа е тоа. Тие се ставаат во таа улога и дали тоа значи дека тие имаат некој финансиски интерес, некој политички интерес, сите од различни побуди, но се ставаат во заштита и улога, односно во интересите на политичките партии. Некои се на оваа, некои се на онаа страна, битното е дека не ја извршија својата професионална улога, не останаа настрана од политиката. Избори секогаш ќе има, и сега и понатаму, но медиумите не смеат да бидат инволвирани, не вака директно и вулгарно како што се сега инволвирани и злоупотребени од страна на политичките субјекти.

Бадијала кампањи?

За време на изборните кампањи, малку граѓани го менуват своето мислење, вели Марко Трошановски, програмски директор во Институтот за демократија.

„Кампањите менуваат 3-4% кај гласачите, односно ги променуваат ставовите кај нив, повеќе од тоа не се постигнува ефект.“

Медиумска поделеност и нивна политичка злоупотреба

Трошановски вели дека економската логика ги става медиумите во функција на партиите.

„Во услови на економската криза, рекламниот колач, односно оној дел од нивните приходи кој што чини околу 90% од вкупните приходи на еден медиум, тие го остваруваат преку реклами. Во случај кога им е паднато рекламирањето, главен извор за финансии им се државните реклами и кампањи.“

Слаба законска регулатива

Советот за радиодифузија, според своите надлежности, ја мониторира само работата на телевизиите и радијата. Но, за печатените и за се поактуелните онлајн медиуми, засега нема регулатива со која ќе се набљудува нивната работа. Тоа остава можност за манипулации, велат експертите. Тие
Во услови на економската криза, рекламниот колач, односно оној дел од нивните приходи кој што чини околу 90% од вкупните приходи на еден медиум, тие го остваруваат преку реклами. Во случај кога им е паднато рекламирањето, главен извор за финансии им се државните реклами и кампањи.
додаваат дека експанзијата nа онлајн медиуми ќе биде изразена, особено за изборите. Филип Стојановски од ,,Метаморфозис“ предлага и за нив да важат иститите правила како и за останатите, но тука треба мерки да преземе и самата новинарска фела:

„Дали има интерес кај оние кредибилитетни медиуми да ги демаскираат нивните нелојални конкуренти кои што ја земаат формата на интернет и за сите би било добро да се подигне транспарентноста на самите медиуми иако во државата тој стандард на транспарентност кој што нема да биде наметнат со закон или слично, туку ќе биде дел од општата култура на живеење, тогаш и за таквите медиуми кои се пропагандни и коишто не ги исполнуваат стандардите ќе им се знае местото и ќе се знае нивното влијание.“

По изборите во 2009-та, луѓето чија работа на некој начин е поврзана со избори порачаа веднаш да се направат измени, со што не би се довеле во ситуација пред новите избори да бидат неподготвени. Порачаа да се направи нов акт, нова одлука за медиумско претставување, нов акт за изборниот молк, да се извршат корекции во изборниот законик и во законот за радиодифузна дејност и тоа во делот за прекршоците, односно тие да бидат поригориозни. Но, многу малку од тоа се направи, речиси ништо. Донесени се само измени во изборниот законик, и тоа ситни измени, барем така велат познавачите, а законот се донесе пред една недела, во очекување на избори.

Експертите велат дека однесувањето на овие избори е од исклучителна важност, за иднината на Македонија,за добивање на позитивни извештаи, но се што останува во овој момнет е да се надеваат дека и партиите и медиумите и другите учесници ќе го положат испитот на демократија и ќе покажат дека не залудно се трошеле и пари и време за создавање на еден добар имиџ, во спротивно се ќе пропадне во вода, а тоа скапо ќе ги чини сите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG