Достапни линкови

Екс - претседателите на косовското Собрание останаа без привилегии


Поранешните претседатели на косовското Собрание, Неџат Даци и Кољ Бериша останаа без привилегиите кои ги имаа досега како високи државни функционери, јавиja медиумите. Претседателството на Собранието на Косово ги одбило нивните барања за понатамошно остварување на досегашните првилегии. Во образложението на Претседателството се наведува дека тие „задоцниле со доставувањето на барањата“, поради што и ги загубиле правата што им следуваат според законот. Даци најави дека ќе се жали на ваквата одлука до „инстанци вон Парламентот“, додека Бериша одби да го коментира целиот случај.
XS
SM
MD
LG