Достапни линкови

Колапс на мост во Кина, 11 жртви


Најмалку единаесет лица загинале, а неколкумина се повредени при колапс на мост во изградба во Кина, соопштија државните медиуми. Инцидентот се случил во едно село во јужниот дел на земјата.

Извештаи велат дека спасувачите успеале да извлечат 26 луѓе, многу од нив градежните работници.

Селото немало дозвола за изградба на мостот и властите неколкупати ги предупредиле селаните да запрат со изградбата.

Три лица одговорни за проектот се приведени.
XS
SM
MD
LG