Достапни линкови

logo-print

Критички настроените медиуми згаснуваат?


Весници, магазини, неделници, печат

Весници, магазини, неделници, печат

Дали можното затворање на неделникот Глобус е знак дека медиумите кои се критички настроени кон владините политики полека изчезнуваат од медиумскиот простор?

Она што во последниот број на неделникот Глобус го најавува заменик-главниот и одговорен уредник, Васил Мицковски повторно го отвора прашањето дали опстанокот на медиумите во земјава зависи од нивната уредувачка политика? Бројот на реклами значително опадна, а тоа се должи на стравот кој не е вгнезден само кај обичните луѓе, туку ги тресе и оние кои се моќни, богати и навидум недопирливи, вели Мицковски.
Тоа е дефинитивно една извесна психоза, еден страв кај сите, или е конформизам, на една комоција во смисла, `Зошто да дадам реклама во весник кој за важи за критичен, бидејќи после тоа би имал
проблеми`.

„Тоа е дефинитивно една извесна психоза, еден страв кај сите, или е конформизам, на една комоција во смисла, `Зошто да дадам реклама во весник кој за важи за критичен, бидејќи после тоа би имал проблеми`.“

Доколку не се пронајдат други облици на финансирање, Глобус ќе престане да излегува.
Дали можното затворање на овој неделник е уште еден знак дека медиумите кои се критички настроени кон владините политики полека изчезнуваат од медиумскиот простор?

Познавачите на состојбите велат дека секоја власт настојува да присвои повеќе медиуми на своја страна, но дека тој процес би можел да предизвика нарушување на основните демократски стандарди во едно општество.

„Секое ограничување на правото на медиумот да има пристап кон извори на
Секое ограничување на правото на медиумот да има пристап кон извори на финансирање би водело кон монополизација на одредени медиуми, розова не била сликата со ниту една власт, па не е и сега.
финансирање би водело кон монополизација на одредени медиуми, розова не била сликата со ниту една власт, па не е и сега“, вели публицистот и новинар Даут Даути.

Тој додава дека во едно плурално општество секој медиум има право да води своја уредувачка политика, но факт е дека сите медиуми треба да уживаат исти права во пристапот кон изворите на финансирање, вели Даути.


Според политикологот Здравко Савески, пак, во земјава постојат потреси на медиумскиот пазар. Еве како тоа го објаснува Савевски:

„Се јавува страв кај одредени фирми да се рекламираат кај одреден субјект
Се јавува страв кај одредени фирми да се рекламираат кај одреден субјект поради очекуван притисок од страна на владата.
поради очекуван притисок од страна на владата, значи или недобивање на тендери или праќање на инспекции и овие дисторзии на пазарот доведуваат до индиректен притисок врз медиумите.“

Власта прави селекција каде ќе се рекламира и тоа е одреден тип на притисок, признаваат аналитичарите. Нејзината цел е да си обезбеди наклонетост, а каква строгост ќе покаже е прашање на тоа што таа смета дека е ефикасно, заклучуваат експертите.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG