Достапни линкови

Што гледаат кумановци и какво мислење имаат за македонските медиуми?

Електронските медиуми,телевизиите и интернетот се најповеќе застапени во информирањето на кумановци. Малкумина купуваат и читаат весници, оти како што велат во сите медиуми се е исто, а и речиси за сите медиуми сметаат дека се партиски обоени и зависни од одредена партија.
Гледам Сител, А1, нашава ТВ Нова. Скоро се е политика.


РСЕ: Читате ли весници?

„Не.“

РСЕ: Зошто?

„Не читам весници, немам време.“

РСЕ: А телевизија гледате?

„Гледам телевизија.“

РСЕ: Има ли премногу политика?

„Има, ама на нашиот народ тоа му треба.“

РСЕ: Не ве нервира?
Читам, ама исто што е на телевизија, тоа е и во весниците, ги прелистувам кога мајка ми и татко ми ќе купат. Гледам огласи за работа. Сепак, повеќе се информирам на интернет и на телевизија.

„Не.“

РСЕ: Што гледате на телевизија?

„Цртани филмови, музички програми, вести...“

РСЕ: Што најмногу ве интересира?

„Некоја нова информација во врска со градот.“


„Гледам Сител, А1, нашава ТВ Нова. Скоро се е политика.“

„Би било добро да има документарни емисии, повеќе забавни програми, луѓето да не се оптоваруваат со политика.“

РСЕ: Зошто има премногу политика?

„Се е поврзано со политиката. И ТВ куќите и се, заради избори, па кој ќе победи, борба за власт.“

РСЕ: А весниците?

„Читам, ама исто што е на телевизија, тоа е и во весниците, ги прелистувам кога мајка ми и татко ми ќе купат. Гледам огласи за работа. Сепак, повеќе се информирам на интернет и на телевизија.“

РСЕ: Дали воопшто читате весници?

„Читам весници.“

Во Куманово подолг период, освен една локална телевизија на македонски јазик со информативна програма и неколку радио-станици, кумановци за се се
Катастрофа, би требало да имаме локални медиуми.
информираат од националните медиуми.

„Катастрофа, би требало да имаме локални медиуми.“

Куманово

„Сто и десет илјади жители, а да нема весник!“

РСЕ: Какви се нашите медиуми?

„Многу се партиски обоени, малку има самостојни медиуми кои се изолирани од партиите. Јас сум партиски неопределен и сакам такви.“
Сто и десет илјади жители, а да нем
весник.

„Сите се исти.“

РСЕ: Задоволни ли сте од медиумите?

„И да и не. Од Куманово има само црна хроника.“

„Информациите најповеќе се за политиката.“

„Читам и албански и македонски, исти се, не се добри. Нема ништо. И телевизиите и весниците сите се партиски.“

РСЕ: Кога ќе прочитате весник како се чувствувате?

„Не се чувствувам добро“, велат запрашаните кумановци.

Заглавени во сивото секојдневние од кое сметаат дека би можеле барем малку да си го разубават денот, животот, кога медиумите повеќе би обрнувале внимание на документарни и забавни емисии, ама домашни.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG