Достапни линкови

Дали смртта на Навални може да донесе промени во Русија?


илустрација
илустрација

Многу набљудувачи јасно ставија до знаење дека ако смртта на Навални донесе некаква промена, тоа ќе биде најтемниот знак во многу мрачни времиња. Тие додаваат дека, ако ништо друго, човекот кој беше симбол на опозиција може само да ги зголеми ризиците од изборни протести.

Повеќе од една деценија, дури и во периодот откако беше притворен пред три години, Алексеј Навални беше бескомпромисен противник на Кремљ чија визија за поинаква Русија. Неговата визија пак беше секогаш мета на засилените напори на рускиот претседател Владимир Путин за задушување на протестите, смирување на несогласувањето и цврста контрола на политиката ширум земјата.

Информациите за смртта на Навални кои доаѓаат од руските власти, се појавија во време кога кога Путиновата Русија продолжува да се обликува како место каде што не се толерираат независни гласови, каде што изборите се внимателно управувани за да се избегне најмал впечаток дека постои алтернатива. Дополнително Путиновата Русија се втурна во инвазија врз Украина која речиси две години остави сериозни последици дома но и уништување и голем број на жртви во соседната Украина.

Дали заминувањето на најгласниот критичар на Кремљ менува нешто од ова и на кој начин? Дали неговата смрт може да најави промена во насоката за која се залагаше Навални, или само уште повеќе ќе ја зајакне контролата на режимот?

Прво што треба да се погледне е кампањата за претседателските избори закажани за 15-17. Март. Со оглед на цврстиот стисок на државата која ги држи во рака политиката и медиумите, Путин сигурно ќе забрани неочекувани случувања. Аналитичарите велат дека Кремљ сака неговата победа да биде толку голема за да им покаже на Русите и на целиот свет дека нема алтернатива.

Таа желба стана уште поочигледна кога на Борис Надеждин, единствениот кандидат кој исто така е критичар на војната во Украина, му беше забрането да се кандидира овој месец, откако Русите се наредија за да ја покажат својата поддршка во кампањата за потпис, што веројатно ги ужаснува Путин и Кремљ. отворајќи можност противникот да освои значителен број гласови.

Навални, кому самиот му беше забрането да го оспори Путин на последните избори во 2018 година, минатата недела ја поддржа иницијативата со која се повикуваат Русите да се појават на нивните избирачки места во 12 часот на последниот ден од претстојното гласање, повик до протест наречен „Пладне против Путин“.

Во услови на широко распространето сомневање за исценирање на случај или лошите ефекти од затворските услови и суровиот третман за кој Навални рече дека имал за цел да го убие, неколку аналитичари и критичари на Кремљ ги поврзаа наводите за неговата смрт директно со изборите на кои Путин, кој е на власт од 1999 година, а со овие избори сака да обезбеди нов шестгодишен мандат.

„Во вторникот слушнав аудио снимка од неговиот глас од едно од многуте судски рочишта каде што беше присутен. Тоа беше глас на весел, енергичен, здрав човек“, изјави за Дојче веле политикологот Екатерија Шулман.

„Тоа значи дека е убиен. Убиен е за да не се меша во изборната кампања. Тоа е она што излегува на површина и не може да се игнорира“, додаде таа.

Михаил Ходорковски, прогонетиот поранешен нафтен тајкун кој помина една деценија во затвор по обвиненијата што тој и неговите поддржувачи велат дека биле дел од оркестрираната кампања на Кремљ да го казни за вклучување во опозициска политика и пренос на имотот на неговата компанија на државата, тој повика Русите да го напишат името на Навални на нивните гласачки ливчиња кога ќе гласаат.

Но, секој сличен напор, а камоли улични протести за изборите, судбината на Навални или војната во Украина, е огромен ризик за Русите кои ќе се приклучат.

„Од една страна, луѓето сега ќе бидат уште помалку подготвени да гласаат за Путин; од друга, активното дејствување против (изборите) ќе стане уште пострашно“, напиша политичкиот аналитичар Абас Гаљамов на социјалната платформа Телеграм.

„Оптимистички поглед на тоа е дека смртта на Навални може да внесе нов живот во Надеждин... и на тој начин да роди вистинско движење. Песимистички став би бил дека Надеждин е замолчен, или преку страв или од некои многу порадикални и потенцијално трајни методи“, изјави Саманта де Бендерн од британскиот „Chatham House“.

Всушност, смртта на човек кој беше симбол на опозиција на неконкурентни избори за време на Путин, може само да ги зголеми ризиците од изборни протести, ако ништо друго.

„Во еден момент, Навални беше корисен за Русија како знак дека се толерира противењето на Путин. И досега, Русија се откажа од секакво преправање дека е нешто друго освен репресивен режим. Русија се врати во својата историска комфорна зона на убивање противници дома и во странство без проблеми и без грижи за меѓународна осуда“, вели Бендерн.

Навални стана гласен критичар на руската војна во Украина и се чини дека неговата наводна смрт немаше никакво влијание врз аспирациите на Кремљ за инвазија. Но, одекот на смртните случаи во странство може да игра улога во клучното прашање за поддршката на Западот за одбраната на Украина, засилувајќи ги повиците за поголем притисок врз Русија што потенцијално би влијаело на судбината на пакетот за воена помош од 60 милијарди долари, кој се чека со месеци зелено светло од американскиот Конгрес, односно републиканци.

Без оглед на причината за смртта на Навални, тоа претставува предизвик за Путин и за земјата, според Татјана Становаја, експерт од Кремљ и аналитичар во Карнеги центарот за Русија во Евроазија.

„Неговото неспоредливо признание, важност за елитите и вклученоста во домашната политика го издвојува од која било друга опозиција фигура, зацврстувајќи го неговиот статус на извонреден политичар. И тоа создава значителни политички проблеми за режимот, тие ќе мора да се справат со наследството на Навални“, напиша Становаја на социјалната платформа „X“ порано позната како „Твитер“.

Но, начинот на кој Кремљ ќе се обиде да го реши овој предизвик не е тешко да се предвиди, додаде таа.

„Не се сомневам дека наскоро ќе бидеме сведоци на значителен бран на репресија против Навални, рација по бесот изразен на социјалните мрежи, криминални случаи и апсења“, рече Становаја.

Многу набљудувачи јасно ставија до знаење дека ако смртта на Навални донесе некаква промена, тоа ќе биде најмрачниот знак во многу мрачни времиња.

На 6 февруари, Навални беше ставен во самица од непознати причини, извести тогаш неговата портпаролка Кира Јармиш. Тоа беше 26-ти пат рускиот опозиционер да биде сместен во самица откако беше затворен пред повеќе од три години.

Навални за малку ќе умреше од труење со нервен агенс во 2020 година, за што тој ги обвинува руските безбедносни оперативци кои, како што вели, дејствувале по наредба на Путин.

XS
SM
MD
LG