Достапни линкови

Тилерсон: нуклеарниот договор со Иран, неуспешен


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон остро го критикуваше нуклеарниот договор со Иран постигнат во 2015 година. Според него, со овој договор само се одложи иранската цел да стане земја која ќе има нуклеарно оружје. „Договорот не предвидува ништо во врска со алармантните сегашни провокации од страна на Иран на Блискиот Исток“, изјави Тилресон кој додаде дека редовниот 90 дневен преглед на договорот со Иран нема само да се однесува на тоа дали таа земја ги исполнува обврските од договорот, туку и дали однесувањето на Техеран продолжува да ги поткопува американските интереси во тој регион. Претходно Стејт департментот оцени дека Техеран го спроведува договорот со кој Иран за возврат за откажувањето од нуклеарната програма добива олабавување на меѓународните санкции.

XS
SM
MD
LG