Достапни линкови

„Премиерско“ експозе на Заев


Скопје-претседателот на СДСМ Зоран Заев ја презентира програма на новата влада, 10.03.2017

Скопје-претседателот на СДСМ Зоран Заев ја презентира програма на новата влада, 10.03.2017

„Нема никакви платформи, туку само заедничка програма на идната влада, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Сакам да го разубедам претседателот на државата Ѓорге Иванов дека има некакви платформи и планови, туку има само програма на идната влада на Македонија, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев презентирајќи ја денеска во партиското седиште владината програма. Идната недела, најави тој ќе се направи обид со партиите што ги дадоа потписите за да го земе мандатот час поскоро да се избере претседател на собранието. Со тоа двете причини за Иванов да не го даде мандатот, платформата и изборот на претседателот на Собранието ќе се обидеме да ги отстраниме, додаде Заев.

„Двете причини ќе се обидеме да ги отстраниме за да можеме да очекуваме господинот Иванов да го додели мандатот во рок од десет дена во кои претседателот на Собранието со допис ќе му соопшти за да може да го исполни тоа негово очекување кои некои уставни експерти така го толкувале“ рече Заев.

Двојазичните банкноти се спротивни на Уставот, а и двојазични униформи во полицијата и армијата одговори тој на новинарско прашање, повикувајќи се на уставните експерти што ги консултирале.

„Уставните експерти се на ставот дека денарите, банкнотите се користат на целата територија на Македонија е евентуалната употреба на друг јазик при нивната изработка е спротивна на уставните одредби. Тие се на ставот дека и прашањето за униформите го третира Уставот“ рече Заев.

ДУИ не се согласува со СДСМ за банкнотите и униформите

Во однос на денешните ставови ДУИ не се согласува дека двојазичните банкноти и униформи се неуставни, вели за Радио Слободна Европа портпаролот на партијата Бујар Османи.

„Ние сметаме дека се целосно во рамки на Уставот како што и пасошите што се користат низ цела територија, па и надвор се двојазични веќе со децении“ вели Османи.

Закон за јазици во согласност со Уставот

Лага е и дека сите ќе треба да учат некој друг јазик,а во спротивно дека ќе бидат казнети, казнените одредби постојат и сега и тие се однесуваат на институции кои не го почитуваат Уставот и законот појасни Заев на прес-конферецијата.

Предвидуваме закон за употреба на јазиците бидејќи сметаме дека на сите граѓани треба да им овозможиме полесно да функционираат во секојдневниот живот и во комуникацијата со институциите, рече Заев.

„Новата влада ќе предложи законски решенија за употреба на јазиците со што ќе се прошири употребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните т.е. албанскиот јазик во рамките на аманданот 5 од Уставот. Законот ќе ја прошири употребата на јазикот во институциите и ќе овозможи на граѓаните Албанци да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик “ рече Заев.

На почетокот на прес-конференцијата тој нагласи дека парламентарното мнозинство е силно посветено на зацврстување на унитарноста, суверенитетот и стабилноста на Македонија, наведувајќи дека никој немал право да ги блокира демократските процеси зад кои застанаа граѓаните.

Милошоски-Заев не ја отфрли платформата

Зоран Заев се обиде еден час преку читање на партиски памфлет да ја увери јавноста, а тоа можеше да го стори само со една минута- да се откаже јасно и гласно од платформата од Тирана, рече денеска на прес-конференција Антонијо Милошоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев откри дека ќе имало закон за албанскиот јазик, но не ја откри неговата содржина, ниту пак кажа кој ќе биде обвинет за геноцидот врз Албанците како што се бара во платформата, обвини Милошоски.

„Ако сте убеден дека тиранската платформа треба да се отфрли тогаш прифатете ја понудата на ВМРО-ДПМНЕ за малцинска влада која што би ја предводеле “ рече Милошоски кој го понуди и второто можно решение, нови избори.

Според него Заев оставил отворена врата за платформата, а денешната прес-конференција била, како што рече, купување време.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG