Достапни линкови

logo-print

Судството и изборите во фокус на весниците


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски зборува на конвенцијата на која беа промовирани кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски зборува на конвенцијата на која беа промовирани кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори.

Дневниот печат се занимава со аферите во Кривичниот суд, како што се бунтот против Панчевски и инцидентот со нападот на портпаролката. Печатените медиуми пишуваат и за претстојните избори.

„Го допре ли судството дното?“ – прашува Утрински во текстот со наслов: „Судски бунт против Панчевски или местенки?“, каде што се наведува дека против првиот човек на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, од дел од вработените во Судот се изнесени обвинувања за двојни аршини во делењето правда и судир со СЈО, отворен судир со првиот човек на Врховниот суд, афера со нелегална надградба на приватен објект и така натаму. Слободен печат објавува уште една афера од судските кругови: „Вработен ја нападнал портпаролката на Панчевски, интервенирала полицијата“.

Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски.

Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски.

Печатените медиуми, покрај превирањата во Кривичниот суд, се занимаваат и со претстојните вонредни избори. Вечер насловува: „Лидерски дуели во Четворката и во Шестката – Четвртата ИЕ ќе отслика колку граѓаните ги прифаќаат политиките и програмите на партиите “, а во истиот наслов, следејќи ги мислењата на познавачите на политичките прилики, пишува: „Двојката и петката се клучни за тоа колку пратеници ќе добие ВМРО-ДПМНЕ“. Утрински анализира „Каде се можни пресврти на изборите“ и смета дека најжестоките двобои меѓу најголемите партии се очекуват во Првата и во Четвртата ИЕ, поточно, Стево Пендаровски против Никола Поповски, и во „четворката“, веќе е познато, лидерите на двете партии, Заев против Груевски. Утрински не исклучува изненадувања и во „петката“ и во Третата ИЕ. Покрај темата избори и кој како ќе се пласира, Дневник го следи и лидерот на СДСМ, Заев, на средбата со албанската и македонската дијаспора во Берн, Швајцарија, па насловува: „Заев ќе ја прави Македонија Швајцарија на Балканот – цитирајќи ги неговите зборови дека „Македонија може да се стреми да стане обединета Швајцарија и еднаква за сите“.

„Гугл и Фејсбук им објавија ‚војна‘ на велешани“ – насловува Утрински проширувајќи ја информацијата дека „Лажните и навивачки сајтови можат да одиграат слична улога и на македонските избори како во САД – сите светски медиуми објавија дека 150 такви лажни портали имало само во Велес“. Слободен печат оди со наслов: „Американски комичар ги посочи ‚виновниците‘ за победата на Трамп – Еј, македонски тинејџери, аман престанете!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG