Достапни линкови

logo-print

Линкедин блокиран во Русија


Архивска фотографија, Русија, 26 октомври 2016

Архивска фотографија, Русија, 26 октомври 2016

Социјалната бизнис мрежа Линкедин е блокирна во Русија, откако судот во Москва донесе пресуда поврзана со новиот руски закон кој се однесува на складирање на податоци. Московскиот суд денеска ја отфрли жалбата на Линкедин против одлуката според која социјалната мрежа го прекршува законот кој бара личните податоци на руските државјани да се чуваат на сервери во Русија.

Случајот пред судот го покрена рускиот државен регулатор на телекомуникациите и медиумите. Новиот закон кој се однесува на легислативата поврзана со следење на комуникации стапи во сила во јули откако претседателот Владимир Путин го стави својот потпис.

XS
SM
MD
LG