Достапни линкови

logo-print

Русија предупреди на „болни“ одговори на новите санкции на САД


Рускиот заменик министер Сергеј Ријабков.

Рускиот заменик министер Сергеј Ријабков.

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Ријабков изјави дека Москва е во состојба да преземе асиметрични и болни мерки ако САД наметнува дополнителни санкции кон земјата. Ријабков се обрати до пратениците во Долниот дом на парламентот, руската Дума, кои подоцна го одобрија декретот на претседателот Владимир Путин за суспендирање на договорот со вашингтон за отстранување на плутониум. На 16 октомври САД и Британија соопштија дека разгледуваат нови санкции за притисок врз сириската влада и нејзините поддржувачи за запирање на бомбардирањето на Алепо.

XS
SM
MD
LG