Достапни линкови

Заврши Самитот на БРИКС - Економија и борба против тероризмот

Претседателот на Бразил Мишел Темер, кинескиот претседател Кси Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди, рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Јужна Африка Џејкоб Зума позираат пред скулптура од песок во пресрет на Самитот на Брикс во Гоа на 15 октомври 2016

Со ветување дека ќе го забрзаата глобалното економско заздравување, како и за борба против тероризмот и екстремизмот, заврши дводневниот Самит на петтемина лидери на земјите од БРИКС. На собирот во одморалиште во државата Гоа во Индија, лидерите на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка денеска усвоија завршна декларација со која укажуваат на нивната посветеност да дејствуваат против финансирањето терористички организации и нивно снабдување со оружје и друга опрема.

Индискиот премиер Нарендра Моди, зборувајќи на Самитот, рече дека Пакистан е „матичен брод на тероризмот“. Њу Делхи го обвинува Исламабад дека ги поддржува милитантните организации во спорниот регион Кашмир, но Пакистан негира.

Во членките на БРИКС живее речиси половина од населението во светот и сочинуваат една четвртина од светската економија.

XS
SM
MD
LG