Достапни линкови

ФБИ истражува дали Русија е зад објавените мејлови на штабот на Клинтон


Изборниот штаб на американскиот демократски претседателски кандидат Хилари Клинтон соопшти дека ФБИ истражува дали Русија стои зад објавувањето на мејловите на главниот нејзин советник Џон Подеста. Во меѓувреме Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама разгледувал опции за „пропорционален одговор“ на потврдените инциденти на руско хакирање во САД. Според Подеста, руското мешање во изборите во корист на републиканскиот ривал Доналд Трамп би требало да биде од најголема важност за сите американци.

XS
SM
MD
LG