Достапни линкови

Умре полскиот режисер Анджеј Вајда


Легендарниот полски филмски режисер Анджеј Вајда почина на возраст од 90 години. Тој претходно неколку денови беше во кома по заболување на белите дробови. Вајда е роден во 1926 година, а неговите први филмови беа фокусирани врз полскиот отпор против нацистичката окупација во Втората светска војна. Во 2000 година Анджеј Вајда доби Оскар за животно дело.

XS
SM
MD
LG