Достапни линкови

Гутереш формално назначен за генерален секретар на ОН


Советот за безбедност на Обединетите Нации официјално го назначи поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш да биде следниот генерален секретар на ОН. 15-члениот Совет денешната номинација едногласно ја поддржа, но Гутереш сепак мора да биде одобрен и од страна на 193-членото Генерално собрание на гласањето кое ќе се одржи следната недела. Но, очекувањата се дека 67-годишниот Гутереш ќе биде одобрен и ќе започне со петгодишниот мандат на 1 јануари 2017 година. Тој ќе го замени досегашниот 72-годишен генееален секретар Бан Ки Мун.

XS
SM
MD
LG