Достапни линкови

Тетово нема ни вода ни воздух


Архивска фотографија: Тетово

Архивска фотографија: Тетово

Жителите на Тетово трпат смрдеа од палењетоа смет од дивата депонија. Дополнителен проблем беше и водата за пиење која поради заматување беше забранета за користење.

Долгогодишното соочување со загадениот воздух, недостиг на вода и други инфраструктурни проблеми кај дел од жителите на Тетово резултира со помисла и за трајно преселување од градот. Жителите на градов летово, покрај постојаното аерозагадување, повторно се плашеа за здравјето поради палење на смет од дивата депонија. Дополнителен проблем беше и водата за пиење која поради заматување беше забранета за користење.

„Во Тетово воопшто не ни чини, ни воздухот, ни вода, ни чистењето, ништо. Сè е лошо. Тетово е најлош град во Македонија. Моментално никаков живот нема.“

„Бидејќи сум 50 години во Германија, ама овде е катастрофа. Не е за живот.“

„Депонијата треба да се реши. Да се договорат. Еве ни Гостивар мислам нема депонија, заеднички нешто да се направи.“

„Има доста нечистотија. Не се фрла ѓубрето. А, видете ова само се копа. Две години се прави оваа улица.“

„Под Шара живееме, вода да немаме“, велат анкетираните тетовци.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, смета дека општината ефективно работи и се обидува сите проблеми во градот квалитетно да ги надмине.

„Како и сите други работи кои ние ги вршиме, ги вршиме темелно.“

Ваква беше изјавата на градоначалничката по завршување на реконструкција неколку стотини метри дел од улица која траеше речиси една година.

Наместо веднаш ги решаваат проблемите, политичарите даваат нови рокови, а народот сето тоа го трпи на своја кожа. Граѓаните мора да ги притиснат неодговорните политики на централната и локалната власт со цел подобар живот во градот, смета Аријанит Џафери, граѓански активист од невладината организација Еко Герила.

„Што подолго трае, толку полошо е за граѓаните. Затоа мислам дека граѓанскиот активизам и нивниот притисок кон политиките треба да е многу, многу поголем, многу построг. Затоа што досега политичарите покажаа дека нив ги интересира нивниот профит и профитот на нивните блиски, соработници бизнисмени и корпорации. Не ги интересира здравјето на граѓаните и нивната добробит. Затоа мислам дека граѓаните треба самите да се ангажираат и да се кренат на нозе против вакви неодговорни политики“, вели Џафери.

Тетовци 15 години чекаат да се изгради новиот водоснабдителен систем. Повеќе од 5 години има постојано загадување на воздухот, а на градот му недостигаат и голем број инфраструктурни објекти.

XS
SM
MD
LG