Достапни линкови

logo-print

Судири во Јужен Судан


Тешки борби го потресуваат главниот град на Јужен Судан, Џуба, и денеска, петти ден откако владините сили и силите на опозицијата ги обновија судирите.

Дописниците јавуваат дека истрелите и експлозиите ги спречија граѓаните да се движат низ градот. Извештаите велат дека имало големи борби во близина на базата на ОН каде околу 30 илјади бегалци нашле засолниште.

Кинеските медиуми јавуваат дека загинале двајца Кинези кои работеле во мисијата на ОН. Секретарот на ОН, Бан Ки Мун ги осуди борбите и порача лидерите на Јужен Судан да преземат решителни мерки за да се поврати безбедноста во Џуба.

XS
SM
MD
LG