Достапни линкови

Меркел: одлуката на Британија не може да се поништи


Германскиот канцелар Ангела Меркел синоќа во Брисел изјави дека верува оти референдумската одлука на Британија да излезе од ЕУ не може да се поништи. „Не гледам начин таа да се пресврти“, рече Меркел по состанокот со лидерите на земјите членки на Унијата. Според неа, сега не било време за желби. Лидерите на ЕУ на британскиот премиер Дејвид Камерон му рекле, како што јавуваат новинските агенции, дека Британија нема да има никакви олеснителни околности во постапката за излегување од ЕУ.

XS
SM
MD
LG