Достапни линкови

Белорусија и Русија загрижени за противракетниот штит на САД во Европа


Белорускиот министер за надворешни работи Володомир Макеи, изјави дека Белорусија и Русија се загрижени за поставувањето на противракетниот одбранбен систем на САД во источна Европа.

Макеи зборуваше по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој исто така имаше средба со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Макеи рече дека Белорусија и Русија се согласиле да дискутираат за „преземање на заеднички противмерки“ во однос на плановите на САД и на НАТО да постават големевропски противракетен штит во Романија и во Полска.

Русија протестираше на плановите на САД. Вашингтон постојано повторува дека системот ќе го штити НАТО од ракети со краток и среден дострел, особено од непријателските земји на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG