Достапни линкови

САД го активираат противракетниот штит во Романија


Во Романија денеска ќе стане оперативен американскиот противракетен штит што е развиван неколку години со цел заштита на Европа од потенцијална закана со ракети од долг дострел од Блискиот исток, соопштија претставници на САД и на НАТО. Русија се противи на овој систем, а неговото активирање ќе ги продлабочи тензиите меѓу Москва и западаот, осенуваат светските новински агенции. САД и НАТО соопштија дека противракетниот штит е одбранбен, но тоа не го прифаќа официјална Москва. Вашингтон утре во Полска почнува изградба на уште еден таков систем во близина на Балтичко море. Тој би требало да биде завршен во 2018 година.

XS
SM
MD
LG