Достапни линкови

Протест за ослободување на Љубе Бошковски


Приврзаниците на Љубе Бошкоски и неговата партија Обединети за Македонија денеска напладне пред Министерството за правда побараа одлободување за нивниот лидер. Тие уште еднаш го повикаа директорот на затворот во Идризово, Живко Пејковски, да потпише ослободување на Љубе Бошкоски. Приврзаниците на Бошкоски повикуваат директорот да го искористи законското право за предвремен отпуст што според практиката се користи во, како што велат, сите затворски случаи кога затвореникот е примерен.

Во своите обраќања дел од членовите на Обединети за Македонија најавија и кривична пријава за директорот на затворот.

Официјално петгодишната казна на Бошковски му истекува на 5 ти јуни. Во моментов е отворен уште еден судски случај против Бошковски познат во јавноста како „Ровер“ каде се товари за соучество во ликвидација.

XS
SM
MD
LG