Достапни линкови

Уште многу работа до кредибилни избори


Германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер.
Германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер.

Квалитетот на изборите е круцијален, вели германската амбасадорка. Има уште прашања на кои треба да се работи, како, медиумите, квалитетот на избирачкиот список и воздржување од политичка манипулација врз гласачите.

Има уште многу работа, а времето е кратко до 5 јуни за да се исполнат сите услови за фер и кредибилни избори, вели германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер во интервју за Радио Слободна Европа што во целост ќе биде објавено в недела. Таа додава дека по завршувањето на вкрстените проверки на избирачкиот список, сите партии треба да работат за да има кредибилни избори. Алтхаузер смета дека е неопходно да и се даде институционална поддршка на Државната изборна комисија за да може да си ја заврши работата на време.

Нашата гледна точка е дека квалитетот на изборите е круцијален, тоа е клучно, тоа можам да го повторам. Нашиот фокус ќе остана на важните прашања, како што е медиумската средина која треба да им ја даде на гласачите информацијата што им е потребна, квалитетот на избирачкиот список, и воздржување од политичка манипулација врз гласачите и гласањето.
Кристине Алтхаузер, германската амбасадорка во Македонија

„Сега клучната работа е имплементацијата. Тоа е клучното. Понатаму веднаш е потребна јасна методологија за тоа како да се отстрани тоа што нелегитимно е впишано во избирачкиот список. Да заокружам, уште многу работа е потребна“, вели германската амбасадорка.

Таа додава дека преговорите за медиумите во соработката со медијаторот од ЕУ Питер Ванхауте заврши, но дека процесот треба да биде рестартиран.

„Тоа што комесарот Хан го изјава, а Германија во целост го поддржува тој став, е дека квалитетот на изборите е побитен од датумот, и квалитетот ќе биде измерен врз основа на критериумите кои беа наведени во заедничкото писмо од амбасадорите на ЕУ и САД до премиерот кое датира од 19 февруари годинава. Нашата гледна точка е дека квалитетот на изборите е круцијален, тоа е клучно, тоа можам да го повторам. Нашиот фокус ќе остана на важните прашања, како што е медиумската средина која треба да им ја даде на гласачите информацијата што им е потребна, квалитетот на избирачкиот список, и воздржување од политичка манипулација врз гласачите и гласањето.“

Доколку изборите се одржат на 5 јуни, Собранието треба да биде распуштено на 7 април, што значи дека останува уште многу малку време за да се направи исчекор во неисполнетите критериуми за фер и кредибилни избори вели аналитичарот Алберт Муслиу. Тој додава дека во врска со реформите за медиумите од одложувањето на изборите до сега нема клучен исчекор, а што се однесува до избирачкиот список следната недела ќе имаме јасна слика дали е реално возможно да заврши тој процес во предвидениот рок.

„Тешко веројатно е дека ќе може да ја завршат работата, за да не остане никаков сомнеж кон избирачкиот список, а што се однесува до одвојувањето на државата до партијата мислам дека тука целиот процес е испревртен, ние гледаме зголемена активност на сега веќе поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, особено со започнувањето на поинтензивната кампањата која се води а е поврзнана со предвремените избори “

Тој додава дека еден од клучните проблеми е очигледниот недостаток на политичка волја за реално исполнување на условите за изборите.

„Самите шпекулации и самиот однос кон работата на ДИК, самите бројки кои беа контроверзни, самиот факт дека за некои од тие бројки се гласаше, значи ако е консензуално нема потреба од гласање без оглед на резултатот од тоа гласање, ако некои факти се јасни тогаш не гледам причина зошто за тоа би гласале. Во едно до тие гласања не учествуваа претставниците предложени од опозицијата, а од друга имавме лиферување на бројки кои драстично се менуваа од ден на ден.“

Целиот процес треба да биде транспарентен за да не остава чуство на сомнеж дека условите се исполнети, објаснува Муслиу.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG