Достапни линкови

Владата има игнорантски однос кон барањата на повеќе категории на граѓани, па тие што протестираат почнуваат да размислуваат дека врзувањето за политичка партија е единствениот начин за да добијат повеќе.

Веќе една година секоја сабота во Скопје група граѓани протестираат против високите сметки за парно греење, но без ефект. Тие се исклучени од системот на парно греење, но Топлификација се уште нè ги третира како „исклучени потрошувачи“.

Сфативме дека не можеме да се бориме во рамките на системот, така што ќе одиме малку и политички ќе ги поддржиме оние политички структури во наредниот избори кои веќе ни ветија дека ќе го решат проблемот. Мислам дека така најдобро ќе успееме бидејќи бевме блокирани на многу начини.

Марјан Ненов од движењето „Уа лопови“ кое бара исклучените граѓани да не плаќаат, не мисли дека тие одат на протести кои немаат ефект, меѓутоа веќе размислува оти врзувањето за политичка партија е единствениот начин за да добијат повеќе.

„Ние го популаризираме проблемот што некој сакаше да го скрие и да им наметне на граѓаните давачка што не би требало да ја имаат. Секако дека има ефект. Сфативме дека не можеме да се бориме во рамките на системот, така што ќе одиме малку и политички ќе ги поддржиме оние политички структури во наредниот избори кои веќе ни ветија дека ќе го решат проблемот. Мислам дека така најдобро ќе успееме бидејќи бевме блокирани на многу начини.“

Во меѓувреме нивното движење имаше иницијатива пред Уставниот суд од каде стигна одлука дека и исклучените граѓани треба да плаќаат. Ненов укажува дека се разочарани од разговорите со институциите и дека патот по кој ќе се постигнува решение ќе го бараат и надвор од државата, пред Судот во Стразбур.

Протестот на „Уа лопови“ од кој нема ефект, не е единствен со таков епилог и државата затоа е изложена на премногу критики од невладините активисти дека владата има игнорантски однос кон барањата на повеќе категории на граѓани. Еден од нив е Никола Писарев кој смета дека последиците од протестите се значајни и оти малку по малку резултатите ќе се видат понатаму.

„Ова наша држава е заглавена во оваа ситуација во која се наоѓа последните година-две и токму поради таа непопустливост. Од таа непопустливост дојдовме до овде. Не попуштаме на студентите, не попуштаме на архитектите, не попуштаме на еколозите и на крај дојдоа во една ситуација на едно збутување во агол. Меѓутоа се случува да има некакви помрднувања, ако тие не го прават тоа сите ќе заборават дека постојат и тогаш 100 отсто нема да се реши нивниот проблем.“

Како и да е, сега е предизборен период и дел од активистите сметаат дека ова е вистинскиот момент кога луѓето може да ги остварат ефектите од нивната подолготрајна борба. Надеж дека протестите ќе го дадат посакуваниот ефект има и кај четирите илјади стечајни работници кои се години бараат да добиваат по 100 евра месечно до пензионирање или до ново вработување.

„Ние се надеваме дека има ефект. Нема да се откажеме и ќе излегуваме и понатаму“, вели стечајката Љиљана Георгиевска од здружението УНИТ, која најави нови протести пред државните институции и блокирање на граничните премини и патарините се додека не се реши нивниот статус со нов закон.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG