Достапни линкови

logo-print

Новинарски фронт ќе ги враќа медиумите на маса


Архивска фотографија - Новинари и медиумски работници протестираа пред Клубот на пратениците незадоволни поради одбивањето на четирите најголеми политички партии да ги вклучат новинарите во преговорите за реформата на медиумската сцена.

Архивска фотографија - Новинари и медиумски работници протестираа пред Клубот на пратениците незадоволни поради одбивањето на четирите најголеми политички партии да ги вклучат новинарите во преговорите за реформата на медиумската сцена.

Медиумите испаднаа жртва на партиските договори. Има начин како да се вратат медиумите на преговарачката маса, но за тоа е потребна цврста волја и заеднички настап.

Новинарски фронт ќе врши притисок во јавноста за да се врати прашањето за реформи во медиумскиот сектор на преговарачката маса, вели претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани. Дел од медиумските и новинарски организации се договориле да делуваат заеднички и да извршат притисок врз политичките партии и оние кои го потпишаа пржинскиот договор за исполнување на преземените обврски.

Има начин. Со лобирање, со дигање врева, од страна на медиумските професионалци, невладините организации и здруженијата, од страна на ЗНМ, Синдикатот, МИМ и другите организации кои со години наназад се борат за професионално новинарство, и пристојни услови за новинарите и нивната работа и досега бараа да не бидат издвоени од процесот.

Селмани вели дека во фронтот ќе бидат вклучени сите релевантни новинарски организации.

„Активностите ќе бидат од јавно претставување на нашите ставови до протести на улица. Сите демократски форми на вршење притисок ќе ги искористиме“, вели Селмани.

Медиумите испаднаа жртва на партиските договори, е впечатокот на претставниците на медиумската фела откако медијаторот на работните групи Питер Ванхауте потврди дека преговори нема да има. А таквата ситуација негативно ќе се одрази на целиот предизборен процес вели директорката на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајкоска во интервју за радио Слободна Европа што в целост ќе се објави в недела. Трајкоска смета дека има начин како да се вратат медиумите на преговарачката маса, но за тоа е потребна цврста волја и заеднички настап.

„Има начин. Со лобирање, со дигање врева, од страна на медиумските професионалци, невладините организации и здруженијата, од страна на ЗНМ, Синдикатот, МИМ и другите организации кои со години наназад се борат за професионално новинарство, и пристојни услови за новинарите и нивната работа и досега бараа да не бидат издвоени од процесот.“

Да се обезбедат услови до 5-ти јуни, што значи простор за сите што ќе учествуваат на изборите да ги прикажат во медиумите своите програми и пораки, а граѓаните да бидат доволно информирани за да донесат сопствени и самостојни одлуки за кого ќе гласаат, а потоа нè чека сериозна долгогодишна работа за да ги вратиме медиумите на она ниво што беа пред десетина години, објаснува Трајкоска.

Селмани вели дека е јасно оти политичките партии не сакаат сериозни медиумски реформи, а тоа го потврдија во последните неколку месечни преговори кои се водеа во клубот на пратениците.

„Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ инсистира да ја задржи контролата врз медиумскиот систем во Македонија, лажеа кога тврдеа дека има договор со ЕУ и САД да нема реформи пред избори и да нема нова оценка на меѓународниот фактор за исполнувањето на условите за фер и демократски избори“, вели Селмани.

Трајкоска вели дека токму тоа што целиот преговарачки процес се закочи на ставката медиуми само докажува дека тие се злоупотребуваат за претставување за ширење пропаганда. Останува на политичките партии да го исполнат договореното во Пржино, затоа што без медиумски реформи изборите ќе бидат нефер и некредибилни додава Селмани. Тој потсетува дека во предлозите на Ванхауте се вклучени и ставовите на ЗНМ и други медиумски организации.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG