Достапни линкови

Стечајците продолжуваат со својата борба


Архивска фотографија - Протест на стечајците од Куманово

Архивска фотографија - Протест на стечајците од Куманово

Пропадна и последниот обид за се обештетат стечајците. Предлог законот не помина во Собрание. Но стечајците не застануваат и најавуваат радикализација во барањето на своите права.

Предлог законот за обесштетување на стечајците повторно е одбиен, сериозните болести и морталитетот ја намалува бројката, а и старосната граница се менува. Со обесштетување на оваа категорија граѓани според Љиљана Георгиевска од Здружението на стечајните работници „УНИТ“ од Куманово, ќе се надмине проблемот и, како што вели таа, агонијата низ која поминуваат некогашните работници чии фирми пропаднале не по нивна вина.

Изгледа додека Груевски е на власт нема парче леб за нас во оваа држава. Не знам зошто ние секогаш сме обележени како граѓани од „Ш“ категорија, а не знам зошто. Затоа апелирам до пратениците и до владеачката партија и коалицијата и до сите во Собранието, да ги остават партиските интереси,туку да гласаат според свое видување и да се стави крај на нашата голгота.

„Предлог законот за жал не помина ниту на Комисијата за финансии, ниту на Комисијата за труд и социјална политика. Изгледа додека Груевски е на власт нема парче леб за нас во оваа држава. Не знам зошто ние секогаш сме обележени како граѓани од „Ш“ категорија, а не знам зошто. Затоа апелирам до пратениците и до владеачката партија и коалицијата и до сите во Собранието, да ги остават партиските интереси,туку да гласаат според свое видување и да се стави крај на нашата голгота.“

Со Предлог законот се бара старосната граница за обесштетување на стечајците да биде над 50 годишна возраст, зашто во евиденцијата веќе немаат помлади.

„Сега бараме да се обештетат стечајните работници за жени од 52, а за мажи 55 со што би се признал стаж заведен според Законот донесен од Владата за откуп на стажот. Ние го имаме одработено тој стаж и може да се земе предвид. Песимист сум, но не запираме тука.“

РСЕ: Не се откажувате?

„Не се откажуваме и ќе бидеме поприсутни на улиците со порадикални мерки, ќе блокираме институции и крстосници. До сега бевме по страна затоа што имаше многу протести,па ние не сакавме како и секогаш да бидеме прозвани дека сме партиски. Но, веќе нема да бидеме мирни, оти овие луѓе немаат од што да живеат. Немаат со што ни леб да купат. Веќе нема да не интересира кој ќе седне во Влада, секој ќе ни е непријател кој нема да не обештети.“

И покрај тоа што Георгиевска е само една од оние што ги бараат егзистенцијалните права, таа често пати е принудена да се справува и со судските претреси. Таа вели дека сите спорови ги добила, бидејќи не работи ништо против државата и законите. Во тек е судскиот процес за кој Георгиевска е пријавена како осомничена за кршење на оградите при протести.

„Љиљана наводно направила штета пред Влада, ги искршила оние дебели барикади. Се надевам дека и ова ќе биде добиен спор, бидејќи имаме снимки и добри сведоци како што е Хелсиншки комитет, ОБСЕ. Ова е само едно застрашување. Ама ние сме подготвени и по судови да одиме. На крајот од краиштата и да ме затворат, тогаш ќе мора државата да ме храни и тогаш би ми било најмило. На тој начин ќе го победам Груевски. Нема да ме исплашат, ако им треба мојот гол живот нека повелат. Се друго е земено.“

Георгиевска вели дека бројот на стечајците од шест илјади, сега е намален на четири илјади. Зголемен е морталитетот, 1624 стечајци од Здружението се починати, 262 се во инвалидска пензија поради мозочни или срцеви удари, а во редовна пензија заминале само стотина. Затоа Здружението „УНИТ“ апелира до пратениците да го прифатат нивниот Предлог закон за обесштетување,иако се свесни дека и тие шест илјади денари што ги бараат не се доволни за нормален живот.

Според стечајците и оваа година за нив ќе биде тешка, но немаат друг избор освен да се борат за своето човечко право, егзистенцијата.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG