Достапни линкови

Во Србија формирана прва партија на Македонците на државно ниво


Илустрација

Илустрација

Во Нови Сад денеска е формирана првата македонска малцинска партија на ниво на Србија, Партијата на Македонците на Србија, чие седиште ќе биде во Белград, изјави за Танјуг, претседателот на Извршниот одбор на партијата, Димче Булевски. Тој истакна дека партијата ќе учествува на претстојните избори на 24 април, но додаде дека сè уште не се знае дали таа ќе оди самостојно или во коалиција. Булевски нагласи дека во Србија живеат околу сто илјади Македонци.

XS
SM
MD
LG