Достапни линкови

Пентагон: нема докази дека во Либија биле убиени срби


Американското министерство за одбрана соопшти дека нема докази кои соодветствуваат со српските тврдења дека двајца државјани на Србија биле убиени за време на воздушниот напад во Либија во минатата недела. Портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис изјави дека биле разгледани фотографиите од загинатите српски државјани. „Досега немаме веродостојна информација дека тие биле убиени за време на нападот што го извршивме“, оцени Дејвис. Според српските наводи, службениците на амбасадата на Србија во Либија Слаѓана Станковиќ и Јовица Степиќ загинале за време на американското бомбардирање на упориштата на милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG