Достапни линкови

logo-print

Потребно е интензивирање на соработката со Грција за бегалската криза


Потребно е интензивирање и подигнување на нивото на соработка меѓу македонските и грчките институции во однос на сите аспекти на бегалската криза, како на границата, така и на сите нивоа на соработка меѓу органите на двете земји, беше заклучено на денешната средба на претседателот Ѓорге Иванов и грчкиот премиер Алексис Ципрас на маргините на Самитот за помош на Сирија во Лондон.

Како што соопшти кабинетот на Иванов, во разговорите посебно беше истакната потребата од поголема координација меѓу полицијата и останатите безбедносни служби на двете држави.

Претседателот Иванов со за бегалската криза разговарал и со германската канцеларка Ангела Меркел.

XS
SM
MD
LG