Достапни линкови

Времето денеска: облачно со повремени врнежи


Во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои претпладне ќе бидат застапени во западните делови, меѓутоа до крајот на денот ќе се прошират насекаде. На планините и на некои повисоки места до вечер врнежите ќе врне снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови. Попладне и во ноќните часови ќе дува засилен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/ч., што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот. Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од шест до 15 степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

XS
SM
MD
LG