Достапни линкови

logo-print

Коментарите против Путин содржат „јавно обвинување“


Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков.

Кремљ соопшти дека коментарите на претставници на американското министерство за финансии дека Путин е корумпиран содржи „официјално обвинување“.

„Односите(меѓу двете земји) сега се во таква состојба што ваква лага веројатно нема да ги влоши уште повеќе“, рече портпаролот на Путин, Дмитри Песков.

В.д. секретарот за тероризам и финансиски криминал во американското Министерство за финансии, Адам Шубин, во интервју за Би-Би-Си Панорама, рече дека рускиот претседател натрупува тајно богатство. Шубин не сакал да го коментира извештајот на ЦИА од 2007 година, во кој богатството на Путин се проценува на околу 40 милијарди долари, но рече дека официјално пријавениот имот на рускиот претседател е многу помал од вистинскиот.

Кремљ ги негира обвинувања, а Путин во неколку наврати изјави дека таквите извештаи се глупост.

XS
SM
MD
LG