Достапни линкови

Авганистанските сили ослободија десетици затвореници


Авганистанските специјални сили ослободија 59 затвореници од талибанскиот затвор во јужниот дел на провинцијата Хелманд. Портпаролот на авганистанскиот министер за одбрана Давлет Вазири рече дека 37 од заробениците биле војници, седум се полицајци, а останатите се цивили. Во последните месеци, талибанците запоседнаа неколку регионални центри во Хелманд, која граничи со Пакистан. Во изјавата за новинарите во Кабул, Вазири ги отфрли сугестиите дека Хелманд може да падне во рацете на талибанците во целост, но тој рече дека владините сили се соочуваат со сериозни битка против бунтовниците таму.

XS
SM
MD
LG