Достапни линкови

Отворен нов бегалски центар на Лезбос


На грчкиот остров Лезбос е отворен нов голем прифатен центар за бегалци со капацитет од 3.000 лица, објави денеска електронското издание на атинскиот весник „Експрес“. Според истиот извор, покрај основиот капацитет, во вонредни околности во центарот може да се обезбеди сместување за уште 2.000 бегалци. Во моментов на Лезбос престојуваат околу 7.500 бегалци и илегални имигранти, од кои секојдневно по околку 3.000 со фериботи се пренесуваат до Пиреја, но на нивно место доаѓаат нови, кои невообичаено топлото време за овој период од годината го користат за масовно преминување со чамци и бродови од турскиот брег до островот. Според податоците на Грчката крајбрежна стража, оваа година од Турција до грчките острови во Егејското Море пристигнале 805.000 имигранти, што е четири пати повеќе од лани.

XS
SM
MD
LG