Достапни линкови

Лидерска средба за договорот од Пржино


Лидерите на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА денеска треба да одржат нова средба на која ќе се разговара за исполнување на договорот од Пржино од 2 јуни/15 јули.

Се очекува, според партиски најави, тие да разговараат за прашањата кои се закочени, а кои произлегуваат од договорот од Пржино како изборот на тројца експерти во Државната изборна комисија и медиумските реформи, но и да се осврнат на други прашања исто така поврзани со исполнување на овој договор. Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети последен пат се сретнаа во Клубот на пратеници на 5 ноември. На таа средба не присуствуваше Мендух Тачи од ДПА.

XS
SM
MD
LG