Достапни линкови

logo-print

Македонија на 81 место во однос на човековиот развој


Македонија е рангирана на 81 место од 188 земји во извештајот за човековиот развој за 2015 година, на Програмата за развој на Обединетите нации. Македонија е сместена во категоријата на земји со „висок човеков развој“, а меѓу најзабележливите придобивки се порастот во животниот век од 6,8 години споредено со 1980 година и зголемување на просечниот број години на школување за 1,1 години. Како придобивка е наведен и порастот на БНД по глава на жител кој е зголемен за 24,7 проценти во однос на 1990 година. Од земјите во регионот најдобро е рангирана Словенија на 25 место, а најслабо Босна и Херцеговина на 87 место и Албанија на 89 место.

XS
SM
MD
LG