Достапни линкови

Уапсени демонстранти во Москва


Најмалку 33 луѓе се приведени во Москва за време на протестите одржани за време на прославата на Денот на Уставот. Меѓу приведените е и опозициски политичар Сергеј Митрокнин. Сликите од социјалните мрежи покажуваат дека за време на протестот на плоштадот во Москва има силно полициско присуство, вклучувајќи и неколку полициски автобуси.

Тие протестираат против претседателот Владимир Путин поради како што велат системското повредување на уставот и човековите права загарантирани со него, вклучувајќи ги и правото на слободен собир, право на демократски избори и право на слобода на изразување.

Денот на Уставот се прославува по референдумот во 1993 година кога беше усвоен сегашниот руски Устав.

XS
SM
MD
LG