Достапни линкови

Мигранти со лажни документи вратени од Македонија


Околу 500 бегалци до попладнево минаа низ транзитниот центар. Десетина беа спречени поради фалсификувани документи, информираа службите за безбедност. Тие рекоа дека на грчката страна на границата има од 1.000 до 2.000 економски мигранти на кои не им е дозволен влез, бидејќи се пропуштаат само бегалците од воените жаришта од Сирија, Ирак и Авганистан.

Искористувајќи го денешното сончевото време, бегалците во транзитниот центар Винојуг на македонско – грчката граница, собираа сили за продолжување на својот пат кон Западна Европа.

Сакам да одам во Германија и таму да останам. Во Авганистан од ден на ден ситуацијата е сè понебезбедна, ние не сме среќни таму, загрозена е нашата егзистенција и во некои провинции има самоубиствени напади, а мојот брат беше убиен во таков напад.

„Сакам да одам во Германија и таму да останам. Во Авганистан од ден на ден ситуацијата е сè понебезбедна, ние не сме среќни таму, загрозена е нашата егзистенција и во некои провинции има самоубиствени напади, а мојот брат беше убиен во таков напад“, вели бегалец од Авганистан.

Околу 500 бегалци до попладнево минаа низ транзитниот центар. Десетина беа спречени поради фалсификувани документи, информираа службите за безбедност. Тие рекоа дека на грчката страна на границата има од 1.000 до 2.000 економски мигранти на кои не им е дозволен влез, бидејќи се пропуштаат само бегалците од воените жаришта од Сирија, Ирак и Авганистан.

Денеска Народниот правобранител на Македонија, Иџет Мемети, заедно со Народната правобранителка на Австрија, Гертруде Бринек и претставникот на Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации во Скопје (УНХЦР) Мохамед Ариф го посетија транзитниот центар за да видат какви се условите.

Мемети констатираше дека се уште нема хумани услови и третман на бегалците и мигрантите во Република Македонија. Тој додаде дека е слаба координацијата меѓу институциите, а на кризата и треба мултидисциплинарен пристап.

„По однос на општите услови кажав дека не се на ниво. Посакувам што побргу да се организира кампот на начин како што доликува и сите што влегуваат во Република Македонија би имале услови за хуман престој и хумано постапување“, рече Мемети.

Тој додаде дека на границата биле прекршени човекови права: имало бегалци и мигранти кои изразиле желба да добијат азил, но биле вратени без процедура. Тој посочи дека лош третман добивале лицата со посебни потреби и децата, дека во шаторите нема греење, а регистрацијата на бегалците и мигрантите е на многу ниско ниво, за разлика од сите соседи. Тој истакна постои и проблем со превозот, рече Мемети.

За подобрување на состојбите, Мемети рече дека е потреба добра координација меѓу институциите и меѓу државите во регионот. Тој истакна дека забележал многу ранливи групи, како жени и деца, но дека немало претставници на Министерството за труд и социјална политика.

Народната правобранителка на Австрија Гертруде Бринек изјави дека најголемиот предизвик во центарот ќе бидат подготовките за зимата.

„Да се постават подобри шатори, подобри услови, да се подобри процесуирањето на овие лица и воопшто да се понудат услови коишто повеќе одговараат на почитувањето на човековите права“, рече Бринек.

Претставникот на Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации во Скопје (УНХЦР) Мохамед Ариф рече дека се уште постојат предизвици во областа на човековите права особено со луѓето кои не припаѓаат на групата на бегалците.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG