Достапни линкови

logo-print

Во Куманово запоставено справување со наркозависностите


Наташа Трајковски од „ПЛУС“ и Александра Наумческа од „Интеретник проект“.

Наташа Трајковски од „ПЛУС“ и Александра Наумческа од „Интеретник проект“.

Додека невладините ја спроведува програмата за борба со болести на зависности од опијати и последиците од нив, во Куманово е непозната бројката на наркозависниците.

Наркозависностите и последиците од злоупотреба на разни видови дроги и опијати особено кај младата, дури и малолетната популација се голем проблем на кој во Куманово недоволно се обрнува внимание. Семејствата кои се соочуваат со ваков сериозен проблем оставени се сами на себе да го надминуваат индивидуално, барајќи медицинска помош.

За жал во 2016 година престанува глобалниот фонд да ги финансира овие програми и се остава простор за зголемување на бројот на лица кои злоупотребуваат дроги, со тоа и да се зголеми ризик за преносливите болести.

За запознавање на населението со опасностите од оваа рак рана на општеството невладината „ПЛУС“ од Куманово и „Интеретник проект“ од Гостивар деновиве на Градскиот плоштад организираа хепенинг во рамките на проектот „Одржување на ниска преваленца на ХИВ во РМ, одржлив развој, застапување-комуникација и социјална мобилизација“, со цел да се зголеми видливоста и ефикасноста на превентивните програми за ХИВ, туберкулоза и хепатит Ц.

„Ова веќе трае од 2007-та година во Куманово и работиме за намалување на штетите од употреба на друга и намалување на стапката за преваленца од ХИВ сида“, вели Наташа Трајковски од „ПЛУС“ и додава дека резултатите се доверливи.

РСЕ: Се зголемува ли бројот на наркозависниците?

„Се зголемува за жал и многу малолетни лица има, но со нашата програма се опфатени само оние над 18 годишна возраст.“

А Александра Наумческа од Гостивар појаснува дека изминатите четири години работеле во 12 градови во Македонија.

„За жал во 2016 година престанува глобалниот фонд да ги финансира овие програми и се остава простор за зголемување на бројот на лица кои злоупотребуваат дроги, со тоа и да се зголеми ризик за преносливите болести.“

Според Наумческа граѓаните не знаат дека постојат вакви програми од кои тие имаат полза.

Трајковски вели дека во Куманово, во комбето во кое вршат тестирања за ХИВ позитивни до сега немаат откриено такви случаи.

И додека оваа невладина организација ја спроведува програмата за борба со болести на зависности од опијати и последиците од нив, во Куманово е непозната бројката на наркозависниците. Пред повеќе од една деценија престана да работи Комисијата за превенција, во Дневниот центар за зависности зависниците се лекуваат со метадонска терапија, меѓутоа сето тоа не е доволно. Неколку невладини организации спроведуваат проекти за превенција и ги информираат младите. Во Секторот за внатрешни работи во Куманово наркозависниците се регистрираат само кога ќе извршат некое кривично дело.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG