Достапни линкови

Дисхармонија во семејството ги уништува децата


Нарушените односи во семејството влијаат и врз младите. Кумановските средношколци подготвија театарска претстава со наслов „Да не биде доцна“ против семејното насилство.

Секојдневни вербални конфликти помеѓу родителите, отсуство на разбирање, почит, и секако љубов, посегање по алкохол, злоупотреба на печалбарските пари заработени во Авганистан и долгото отсуство на едниот родител од дома се проектираат во несоодветните односи во семејството.
Се работи за проект што веќе четврта година се реализира на подрачјето на СВР Куманово, но сега темата е семејно насилство како причина за однесување на младите во училиштето и надвор од него. Идејата е од самите ученици за да се пријави насилството, за да нема употреба на дрога, алкохолизам, насилно однесување, кражби и друго од малолетни лица. Идејата е од самите ученици пораката да се пренесе таа слика преку фрагментална драматургија или театарска претстава со детали од секојдневниот живот и оние влијанија што ги има насилството врз младите лица.
Виолета Богдановска, началничка за превенција и безбедност во СВР Куманово.

Таму каде што младите генерации треба да ги научат основните животни вредности се инфицираат со лошите примери на родителите, посегаат по алкохол, стануваат лесен плен на дрогата, трговијата со луѓе, проституцијата... И на крајот, семејното насилство кое треба да се пријави во полицијата, но дали со тоа е надминат проблемот!

„Се работи за проект што веќе четврта година се реализира на подрачјето на СВР Куманово, но сега темата е семејно насилство како причина за однесување на младите во училиштето и надвор од него. Идејата е од самите ученици за да се пријави насилството, за да нема употреба на дрога, алкохолизам, насилно однесување, кражби и друго од малолетни лица. Идејата е од самите ученици пораката да се пренесе таа слика преку фрагментална драматургија или театарска претстава со детали од секојдневниот живот и оние влијанија што ги има насилството врз младите лица“, вели Виолета Богдановска, началничка за превенција и безбедност во СВР Куманово.
Сè некако имам чувство на вина дека ние постарите доста делуваме на тоа. Кај младите многу лесно се пренебрегнуваат тие проблеми. Само пушти им музика, сите почнуваат да играат и забораваат кој е што е. Тоа беше еден од тие трикови кои ние повозрасните ги правиме за да ја уништиме тензијата и да бидат креативни. Кога започнува процесот на креација, тие навистина забораваат на тоа и ова е еден од најдобрите начини меѓуетничките проблеми да се пренебрегнат.
Горан Илиќ, актер.

Проектот поддржан од полицијата, мисијата на ОБСЕ во Македонија, локалната заедница и кумановскиот театар подговтвен е на македонски и на албански со учество на дел од младите во едната и другата претстава. Според Богдановска, претставата ќе се прикажува не само во Куманово и не само пред една етничка заедница, оти во сите заедници, без оглед на останатите разлики, насилството е присутно, а средношколците Македонци и Албанци ќе можат понатаму и да се дружат и да создаваат заеднички проекти.

Актерите Кети Дончевска Илиќ и Горан Илиќ активно се вклучија во работа со младите во создавањето на претставата, која имено алудира и на елиминирање на мултиетничките конфликти. Какво е нивното меѓусебно однесување и покрај одличната соработка помеѓу средношколците, Илиќ забележува:

„Сè некако имам чувство на вина дека ние постарите доста делуваме на тоа. Кај младите многу лесно се пренебрегнуваат тие проблеми. Само пушти им музика, сите почнуваат да играат и забораваат кој е што е. Тоа беше еден од тие трикови кои ние повозрасните ги правиме за да ја уништиме тензијата и да бидат креативни. Кога започнува процесот на креација, тие навистина забораваат на тоа и ова е еден од најдобрите начини меѓуетничките проблеми да се пренебрегнат.“

Колку и да се свесни и да го осудуваат несоодветното однесување на своите родители, младите во своите семејства се немоќни да сменат нешто и нивните семејства да им бидат главното уточиште каде што ќе можат да се чувствуваат пријатно, а нивната возраст која надвор од домот се соочува со најразновидни искушенија да биде разбрана и да добијат помош каква што им е неопходна. Преку претставата, тие им порачуваат на родителите да им обрнат повеќе внимание и со позитивни лични примери да им обезбедат можност да станат добри луѓе. Но, немоќта на децата во дисхрамоничните семејства им порачува на родителите кои трпат насилство да побараат помош од полицијата.

„Сакаме да испратиме порака до народот дека насилството е секојдневна појава и тоа треба да се спречи со брзи постапки, дали е тоа полицијата или некој друг надлежен. Насилството постои кај сите.“

„Соработката беше прекрасна и кај нас учествуваат тие, а и ние кај нив.“

„Соработката ќе продолжи и би било убаво и паметно да се дружиме и понатаму“, велат учениците Македонци и Албанци, со желба да продолжат вакви и слични проекти кои ќе им овозможуваат што подобро да се запознаат и заеднички да ги надминуваат проблемите.

Меѓутоа, претставата со пораката „Да не биде доцна“ им се препорачува да ја погледнат и возрасните и малку повеќе да се замислат за своето однесување во семејството.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG